Ми се случи една дешаванка мене сабајлево што ми ги истенчи нервите уште у 8 саат сабајле. Си идам на факултет и си се паркирам во уличето што ми е во близина на факултет меѓу две дрва, нагазуење со предна лева на хидрант и си ја избодев поштено. Стално се паркирам таму, левте тркала на трева, десните на улица, арно ама ѓаволот денеска ме натера место да си се паркирам паралено у рикверц како стално што се паркирам, ја не со предница па ај лакче да фатам иам место да не мотам. И така дознав дека таму кај што паркирам веќе 2 години имало хидрант. Од хидрантот беше останат само тоа шилецот и беше обраснат со тревичка, доволно да не го приметиш. Гумата е убаво дупната на едно место, а на сантим растојание од дупката е малку подкината. Ми рекоа дека некој вулканизер кај марија трејд за 600ки ќе ми ја средел и ќе можам да си ја користам како резервна. Ете ја мојата немила дешавка од утринава, али добар пит стоп направи, сам ја сменив гумата за 10ина минути