Сообраќајка во Битола кај новиот пазар. Возило на Брза Помош удри скутер. Брзата помош превезуваше пациент со упалени ротациони светла, а возачот на скутерот веројатно не ги примети ротационите светла при поминувањето. Колку што можев да забележам повредено само едно девојче (најверојатно) со скршеници на едната нога.
Крајно не професионална постапка на Брзата помош, наместо да укаже лекарска помош на повреденото девојче, докторката се расправаа како треба да се внимава итн. со еден човек кој не сум сигурен дали беше возач на скутерот или обичен минувач, па по неколку минути да пристапи кон повреденото девојче на кое и помагаше еден минувач. Потоа Брзата Помош замина со пациентот, а човекот кој се грижеше за девојчето го пренесе до Болница со такси.
Крајно не снаодлива полиција која времина не можеше да се снајде како да го изрегулира сообраќајот.
И за крај, крајно некултурно понашање на еден од полицајците... После сат време требаше да се вклучам на улицата на која се случи несреќата, а местото обележано со чунови, а полицијата прави записник. Јас стојам со вклучен лев жмигавец и фино го прашувам еден од полицајците:
-Извинете Господине, од каде можам да поминам ?
-Кај сакаш да одиш ?
-Како што гледате господине сакам да одам лево...
-(изнервиран) Па еве од тука, ќор си или не те бери ? Полека полека и вклучи се.
-Фала Пријатно !
Сваќам дека врнеше и дека го прекинвам во работата, ама да му еб*м толку не можат културно да се испонашат
