Колку пати ми се случило да вртам десно на раскрсница и да бидам изненаден од моторче кое продолжува право по велопатека.
Вистина е дека вртејќи десно сеуште немам развиено навика да гледам.во ретровизор бидејќи си се движам во десна лента, единствено си внимавам на пешаци.
Навистина ме интересира како е изрегулирано законски со тие патеки што ги одзедоа од коловозна лента, бидејки тоа го немаше на времето во учебници при полагање испит.
Гледам моторчињата не намалуваат брзина при преминување раскрсница, па и кога ќе се случи да погледнам и да го видам на ретровизор при што заклучувам дека е далеку позади мене, па потоа погледнам дали има пешаци и кога ќе почнам да вртам вдесно, тој веќе ми прошишува пред кола.
Вртењето десно беше прилично едноставен маневар и сега се појавува дополнителен ризик.