Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Еден загинат, тројца во кома по сообраќајка во СтрумичкоДваесет и осумгодишен жител на струмичкото село Дабиле почина, а неговата сопруга и уште две лица се во кома откако настрадале во сообраќајна несреќа денеска.Несреќата во која загина Александар Василев се случила околу четири часот утрово, кога тој возејќи автомобил “опел вектра“ од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и удрил во бетонски ѕид од куќа во селото. Василев починал на самото место на несреќата, а неговата дваесет и четиригодишна сопруга е во кома и поради тешката состојба е префрлена во Клиничкиот центар во Скопје.Во тешка здравствена состојба се и другите двајца сопатници во автомобилот.http://tocka.com.mk/1/64124/eden-zaginat-trojca-vo-koma-po-soobrakajka-vo-strumickohttp://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/eden-zaginat-trojca-vo-kritichna-sostojba-vo-soobrakajka-vo-strumica