^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^^
Во раните утрински часови од страна на полициски службеници бил пронајден возачот кој учествуваше во сообраќајката кај Липково во која загина 37 – годишен жител на кумановското село Матејче.
Сообраќајната несреќа се случила вчераутро на регионалниот пат Куманово до селото Липково, кога Орхан Ш. возејќи автомобил “голф“ се судрил со друго возило. Поради сериозни повреди, возачот на “голф“-от починал на самото место на несреќата, а смртта ја потврдил доктор од Брза помош.
Вториот учесник во сообраќајната незгода, по несреќата побегнал од местото.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторени две кривични дела и тоа – “тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќај“ и “неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, по што возачот А.А. заедно со кривичната пријава ќе биде спроведен до надлежното ОЈО.