Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
На аукцијата организирана од компанијата Copart се појави куп здробено железо, кое некогаш било Alfа Romeo Giuliа QV, придвижувано од 6-цилиндричен битурбо мотор.На сајтот на аукцијата стои инфо дека возилото е тумбано, а секундарното оштетување е од биолошко-хемиска природа. Важен детаљ е и фактот што брзинометарот останал заглавен на 112км/ч.
Замисли да си кола и да ти вградат плин
Синоќа околу 23, 05 часот на булеварот „Теодосија Паунов“ во Кочани, во близината на бензинската пумпа на Макпетрол, кај АТОМ, се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот и едно завршило во болница со телесни повреди, но е надвор од животна опасност.Во сообраќајката учествувале ПМВ марка „Мерцедес“ со кочанска регистрација и ПМВ „Голф 4“ со виничка регистарска табличка. Според очевидци, „Мерцедесот“ влегувал во Кочани со голема брзина и од засега неутврдени причини удрил во задниот дел на „Голфот“, кој бил пред него на коловозната лента. Од силината на ударот, „Голфот„ завршил кај влезот на АТОМ, а „Мерцедесот“ во дворот на „Руен“. Морале да интервенираат пожарникарите за да го извлечат возачот на „Голфот“ од целосно уништеното возило. Во Здравствениот дом во Кочани, само е констатирано дека Д.С.(24) од Виница починал од повредите задобиени во несреќата, додека кај А.П. (32) од Кочани, кој го управувал „Мерцедесот“, биле констатирани телесни повреди и е задржан на болничко лекување.На местото на настанот увид извршил обвинител од ОЈО од Кочани и увидна екипа од полицијата. Се работи на утврдување на причините поради кои дошло до несреќата.