Не знам кој како вози, јас зборувам за мое искуство + со еден колега, и тоа што поднаучив за испитот (на крај не полагав, се вратив назад).
Тахографот во Америка брои часови во возење (Log Book) мислам го викаа. И имаше различни правила за работно време (ова по сеќавање).
Ако си Daily Driver мислам дека во осум дена без пауза имаш право да возиш не повеќе од 70 часа. Или во 15 часа имаш право да возиш 11, ама потоа мора да одмараш минимум 10.
Ограничувањата најчесто се исти какви што се и на колите, можеби со 5/10 милји на час помалку. Ама најчесто сите возат исто толку брзо како и колите. Возат доста безобразно затоа што се огромни зверови. Значи без жмигавци, во најлева лента на Интерстејт, се престигнуваат три наеднаш, кочат нагло, итн.
И овие мерните станици за товар/претовар најчесто проверуваат колку имаш возено и колку си товарен, и според налогот + времето на тргнување знаат дали си возел како што треба, или си правел глупости по патот.