Неприлагодување на брзината кон условите на патот. Условите налагаа поминување на камион низ тесен премин, присутство на пешаци и речиси запрени возила. Кога од твоја лева страна на помалку од 1 метар имаш запрени возила и пешаци, нема да може да вози 50 или 30, туку 15-20. Прилагодување на брзината на условите на патот значи ако гледаш кола како стои до тебе, треба да возиш онолку колку што е потребно да можеш да закочиш или да избегнеш.
Ако возеше 30, веројатно ќе ги антиципираше, ќе закочеше и ќе ги плеснеше, немаше да ги направи мелено месо и ќе имаа големи шанси да поминат со скршеници и контузии. Еден воз, кој проаѓа преку пруга, обезбедена со рампи намалува на 20-30. Истото важи и за камионот. Од истата причина имаш во твоето маало знак Зона на движење со 30 км/ч.