Јас како го сватив и што вика законот:
За мала штета и кога нема повредени се пополнува Европски, поинаку нема (факт).
Си ги тргаат возилата од патот и понатаму не знам како оди со осигурувањето друг можеби знае...
Во овој случај доколку некој викне полиција не е битно кој, ќе биде казнет со 250 евра оној кој што не го испочитува став 1 од Член 225.
Возачите-учесници во сообраќајна незгода во која е предизвикана
мала материјална штета, се должни веднаш да ги отстранат возилата од
коловозот, да овозможат непречено одвивање на сообраќајот и да го пополнат
и потпишат Европскиот извештај за сообраќајна незгода.
Викаш полиција само во случаи кога: Член 226
- едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано;
- едно од возилата има странска регистарска таблица;
- еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други
психотропни супстанци;
- еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола;
- еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци односно
податоците за возилото или
- еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода.
Значи тоа муабетот што двата ги казнуваат по 250 евра ако викнат полиција, или тој шо вика се селски муабети.
Се е убаво дефинирано, само кој е информиран е работата.
Ако за мала материјална штета си пополниш европски си сликаш одоколу шо е како е, си тргниш возилото,
му бараш на тој другиот податоци а тој да одбие и ти викни полиција иако си ти крив,
тој ќе добие казна од 250 евра затоа што е ГЛУП.
Не го испочитува првото цитирано погоре.
Можиш и ти да викниш полиција, крив или прав, само ако ги задоволуваш некои од условите под член 226.
И да си крив а се си работиш по прописи нема казна за тебе, освен за тој прекршокот што си го направил.
Не знам дали се разбираме, можи и претерав со тоа глуп, ама сакам да кажам дека сето ова е неинформираност.
Многу од народот се потпира на рекла казала и после државата нечини, а се е убаво напишано, кој да прочита е работата.
Ова сега ќе си го знајте, сега и јас се информирав, си прочитав ќе си знам.