17.10.2011 | 11:03
Страшна и ужасна несреќа во Лас Вегас, несреќа каква што веќе долго време не е видена таму.
Во мај оваа година победил во неверојатна завршница на една од најпознатите трки на светот Индијанаполис 500, а вчера го изгубил животот во Лас Вегас.
Dan Wheldon е жртвата на страшната несреќа. Им подлегнал на повредите откако го префрлиле во болница.
Неговиот автомобил одлетал во заштитната ограда, а потоа експлодирал. Во овој голем судар учевствувале 15 болиди. Три возачи се повредени, меѓу кои и еден од фаворитите на трката.
По несреќата и вестта за неговата смрт, возачите и организаторите се сложиле трката да биде прекината. Возачите брзо се организирале и свртеле пет кругови во знак на сеќавање на починатиот колега.
За Dan Wheldon плаче целиот автомобилски свет...
Not a valid youtube URL
http://tocka.com.mk/index2.php?ID=52254