Дечки ќе ве замолам за помош/совет
Претходно пишував за еден случај на мои блиски каде имаа сообраќајка не по нивна вина ... Беа до осигурителната компанија ЕВРОИНС (Ве молам, ако сакате да му наштетите на некој, осигурајте се овде, во спротивно бегајте од оваа) сликале тие таму, им рекле ќе ви јавиме кога ќе биде готов Записникот за проценка. Беа вчера и замислете шетата ја процениле на 38.000 ден. за оштетен браник, подкрило, крило, 2 фарови и нешто ситно. Нормално имало карање, за начинот до кој стигнале за таа сума, бидејќи во истиот не се наведени поединечно износите за секој од оштетените делови туку само збирен износ. Им понудиле 2 сервиса Новус и Џерси. Инаку немале соработка со овластениот сервис, пошто до толку се „популарни“
Е сеа, не го потпишале Записникот со проценка и отишле до Новус на проценка. Уште веднаш одговорниот таму им рекол дека најпрвин се никаква осигурителна компанија а потоа и дека износот е многу мал. Новус исконтактирале со овластениот сервис за делови и дале проценка од ~90.000 денари.
Согласно Записникот имаат право на жалба до нивната (претпоставувам) Второстепена комисија за проценка, нешто што сигурно ќе го обжалат, меѓутоа нив ги плаши тоа што сигурно и тие нема многу да поместат граница, па на крај ќе се сведе работава жалба до Агенција за супервизија на осигурување и работиве ќе се влечкаат до немајкаде.
Се троши непотребно време, пари, излегување од работа, колата не смее нели да се вози, а потреба е ... Муабетот ми е како можат да се заштитат и да ја истераат работава најбрзо што може, очигледно е дека (не)осигурителнава компанија е крајно непрофесионална и се однесува небаре како што сака, како може да се притиснат, треба ли адвокати, тужби, какво е вашето искуство со оваа компанија ако го имате итн ...
До правниците, има ли некаде некој член каде што може да се повикаат за нереалната проценка а башка и тоа што немаат соработка со овластениот сервис, како би идела целава постапка до Агенцијата за супервизија ...
Ви благодарам однапред за Вашето време да го прочитате ова, се надевам дека ќе извлечете и вие некакво дополнително знаење што во вакви ситуации ...