Абе јас сеуште знам да го смотам некад кадетот под рачна ама таму кај што треба никогаш во град и населено место. Си имам пат накај лојзето можам ако сакам и глава да искршам никој не загрозувам. Али во град никогаш не возам над 60. Ретко ретко ми се случило да ја надминам оваа брзина.
загрозуваш... и сам да си во колата пак загрозуваш, а тек ако уште некој има со тебе... како? мене ме загрозуваш:
ке мора да дојде брза помош и пожрна и полиција... сите тие за доаѓањето кај што ти си скршил глава (твоја фраза) со крнтија (пак твоја фраза)правејки се и замислувајки се тркач, трошат пари од буџетот во кој јас плаќам даноци и го полнам... што повеќе такви како тебе повеке загрозување на други...
загрозуваш и такви што не плаќаат директно даноци... како? еве вака:
во меѓувреме додека тебе те вадат од сплесканата олупина, некаде некоја жена или маж кои напорно работеле целиот свој живот и мирно, тивко и скоро невидливо си го терале својот живот, доживува инфаркт, брзата помош ја нема 1 саат, човекот умира, затоа што истите биле зафатени обидувајки се да те спасат тебе од твојот беснотилак и замислени можности на дрифтерски способности со замислена моќност на спортско ауто од конзерва...
п.с. освен на угорницата што е како булевар изведена пред излезот накај скопје, во градот кај што живееш да возиш 60 со твојата ламарина е тешко загрозување на туѓи животи. просечна брзина на возење во штип е 25 на саат а ти викаш 60 па ретко, ама се дешава и побрзо од тоа.