kakov karambol pred oci vo novo lisice kaj peralnite se desi pred malku.... sliki poposle...
седам на ќошот кај пералниве, првата перална и слушам шкрипење на гуми, ми доаѓа отпозади некако.. си викам ај бе, жежок асвалт скоро секоја кола тука во кривинава шкрипи, ама некако се оттегна шкрипењево малку повеке одошто се слуша секоја минутка, па дигнав поглед и го гледам зелениов опел влага у кривина со како што рече момакот одпосле дешавкава со “30 км на час МАКСИМУМ, не повеке“... и почиња да ја дрифта кривинава ама некако несмасно, па сваќам дека уствари не дрифта туку колава му избега од контрола.. врти момакот контра воланот ама изгледа ја претера со вртење во десно и точно ја исправи за да улета во плацот промашувајки контејнери за пола метар, кај што се паркирани возилата увезени за продавање, онаму кај што стоеле и моите коли што сум ги продавал... како рокна се разлетаа пластики на сите страни и огромен облак прашина се крена... удира во две коли кои што по инерција удираат уште 2 во втор ред. излегува момаков од кола видно испаничен, почна да врти лево десно како мува без глава, не знаеше што попрво да каже, видно адреналин го тресеше... прво што го прашав е дали си во ред друже ти... да не скрши нешто коска ово оно, да не лупна со глава, само рече дека е ок, е тоа е нај битно му реков а сега терај работа, па почна да врти телефони, дојдоа мама тато и бато, па и нормално дојдоа и лугето што се нивни колите, неколку саати повуци потегни беше, а нај јакото е што возилата во кои удри се на комшии.. сите ги познаваше...
типот со пежото побара 400 евра како гаранција да го тргне возилото и да го одвозат до мајстор па со тие пари колку што ке рече мајсторот дека треба за поправање да се плати разликата ако остане да се врати на момакот, оштетена маска, пластика скршена од браник и толку......
типот со голфот побара точно 63.500 денари, и очигледно беше дека е мајстор во порше македонија, бидејки од работа дојде во комбинизони на порше македонија и велеше дека не сака работна рака само сака деловите нови да се земат, и им ги издиктира цените и запиша на ливче.
типот со кордобата и астрата, му рече вака: кордобата ме кошта да ја донесам од странство до тука 1650 евра. ти дај ми 2000 евра, земи си ја кордобата и прај што ке прајш, а со остатокот од парите ке ја поправам астрата
се на се 3500 евра, што кога ке видиш каков карамбол направи и не е многу... да не заборавиме 3500 евра не се 3500 денари.. во моментов за тие пари да ги имам во џеб би се женел по втор пат, државата е во криза, и 3500 евра се сериозно добри пари, меѓутоа споредбено со тоа колку можеше лошо да биде и не се многу... пред се нај битно е дека момаков со опелот што удри е ЗДРАВ, ПРАВ И СЕ Е ВО РЕД СО НЕГО ЗДРАВСТВЕНО... тоа е нај битно, а понатака другото со пари се решава...
инаку, како се заврши целосно незнам, си заминав од таму, имав обврски....