Автор Тема: Бришачите се активираат на прекинувачот за светлата  (Прочитано 3908 пати)

Отсутен outlawbt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Здраво,

Имам Volkswagen Passat 2001г. Во околу 70% од случаевите кога ги палам светлата, сами ми се активираат и бришачите, прават 2 замавнувања и се враќаат на место. После то се си е во ред. Да напоменам дека ова ми се случува само при вклучување на светлата, во ниеден друг случај.
Дали проблемот изгледа како нешто веќе познато и дали е ситница за поправка? Кај би можел да ја однесам во Битола да ми ја средат?

Фала однапред

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
За во Прилеп да те пратам, ама за во Битола немам инфо...
По читање на форумов нема мајстор кај вас...Све се матуфи некој...
Поздрав
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Светлата како се уклучуваат? Прекинувачот стои на ракетата или лево под воланот?

Отсутен outlawbt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
@Falanga Лево под воланот е прекинувачот за светлата
@SaleSk за ова би ми требало Авто Електричар или Авто Електроничар? Или исти се двата термини? (новајлија сум во автомобилизмот па можи да тресам глупости)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Мислам дека е најдобро да отидеш и до Прилеп...Да ти дадам број? Од Рубин? Ке ти објасни дали може или неможе да ти помогне...???
075 562 450....Барај го Рубин...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен outlawbt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Фала за контактот ( од имењакот  ;D ) Ќе почекам неколку дена да не случајно некој ме упати за во Битола, ако не ќе го барам него...
Иначе не ме иритира нешто посебно дефектот, се навикнав... Али ако е мала и ефтина работа зошто да не го средам...

Фала ви на брзите одговори :)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Nooo wayyy  :o

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Скокни до кај Попето (довлеџик), добар Автоелектричар е ;)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Кој Попе бе кој црни камења,Попето освен анласер незнае ништо друго да поправи.Оди кај Јасмин,над црн мост кај радио 105 мозок е чоекот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Можеш и кај Чомбе-Сашо да ја однесеш, мислам дека имам и број, ако треба кажувај да барам...

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
имаш и на Мирка Гинова до пекарата Наташа добар автоелекричар, а имаш уште еден незнам како се вика, за да појдиш кај него ке одиш право од горното Веро не вртиш лево за во паркингот, ќе продолжиш право едно 100-200м од десно се наоѓа ... после ти е Мустакот во Бела Чешма и Раде на индустриски пат :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен aleksandar_bt

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 340
Тркни до сигурност Горно Оризари и барај го Аце само прашај си за цена со време да не те боли глава после  ;).

Отсутен stig

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 933
Одг: Бришачите се активираат на прекинува
« Одговори #12 на: 01 Август 2012, 09:47:05 am »
http://www.ebay.com/itm/Volkswagen-Wiper-Relay-Control-Unit-Genuine-OE-1C0955531-NEW-OEM-VW-Audi-/120890135166?pt=Motors_Car_Truck_Parts_Accessories&vxp=mtr&hash=item1c259d127e#ht_640wt_952

Ова е најверојатно твојот проблем, задачата негова е да ги уклучува и исклучува бришачите да го контролира временскиот интервал.
  А гледам по шемиве до него оди жица од прекинувачот за светла. Инаку се наоѓа под пластиката под воланот таму имаш табла со повеќе релиња па ако ти фаќа ум пробај исклучи го мислам дека нема да се вклучуваат бришачи или ако имаш од некој друг пасат ставиму колку за проба.

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Ееееее.. ова е она за што зборувам наназад.... нема мајстор во БТ само лажови и преваранти. Ќе ти наплатат и компјутерска дијагностика за да го лоцираат проблемот, а тоа е алат за дијагностика како што му е стетоскопот на лекарот... ама не вреди муабет појќе за таа тема. Скопјани, прилепчани, кавадарчани....  повелете отворете сервис во градот на кабадаите оти од конзулите нема појќе ни трага ни глас
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!

Отсутен outlawbt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Ко ќе го средам проблемот ќе пишам тука, сигурно ќе му помогни искуството мое на некој друг. Во меѓувреме ми се појави друг проблем па овај ми е со низок приоритет сега засега и не го гибам...
Иначе шо се однесува на компјутерска дијагностика, научив сам да си правам со помош на OBD2 интерфејсот и соодветен софтвер... Не јави ништо за овај проблем, значи електричарот шо ќе го ангажирам ќе треба стварно да биди салам мајсториште :D