Автор Тема: Бришачите се активираат на прекинувачот за светлата  (Прочитано 3907 пати)

Отсутен outlawbt

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Го решив другиот проблем што го имав ( limp mode, некое си црево праело проблем ), а за овај со бришачите од наредната недела ќе исконтактирам некој од луѓето шо ми ги предложивте тука.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Маршер сакаше да ти каже дека дијагностиката не претставува само читање на грешки, туку многу повеќе од тоа како на пример мерни блокови, адаптации, кодирање итн итн.
И не само тоа.....

Отсутен proff

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • no comment at the moment
Ќе го реши проблемот... само кога ќе најди мајстор :)
Во контекст на ова еден виц: Си бил некој човек и му се расипал телевизорот. Побарал мајстор и дошол некој си мајстор.
Го отворил телевизорот, гледал ова гледал она ама џaбе. Му вели на сопственикот абе да имаше шема ќе го најдев дефектот.
Човекот му нашол шема и овај пак уште долго гледал во шемата ама пак џабе. Абе му вели сe сомневам на еден транзистор ама да имав осцилоскоп ќе го проверев дали е тој. Сопственикот му нашол и осцилоскоп но и тоа не помогнало да се отстрани дефектот. По уште некој сат седење во место сервисерот му вели на сопственикот на телевизорот: А да побараш салам мајстор и да го донесиш да ти го направи телевизорот? :)
Иста грешка неможиш да повториш два пати. Вториот пат тоа не е грешка туку твој избор!