Автор Тема: Фабричка цена на новите автомобили?  (Прочитано 4419 пати)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Фабричка цена на новите автомобили?
« на: 25 Јули 2012, 15:05:08 pm »
Знае ли некој колкава е маржата на нашите увозници на нови возила во Македонија?

Вчера случајно погледнав низ некои фактури на порачки и башка прашав човек кој работи со ова и ми потврди. Од 40 до 60% од регуларната цена. Се останато е маржа за продавачот. ДДВ-то си го плаќате вие.

Единствена замка е што се има определен минимум на продадени возила...
« Последно менување: 25 Јули 2012, 15:19:44 pm zeroSignal »

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Фабричка цена новите автомобили
« Одговори #1 на: 25 Јули 2012, 15:07:10 pm »
Јас знам дека е од 30 до 40%. Информација од прва рака. (ФИАТ, Алфа, Ланча, Цитроен)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Фабричка цена новите автомобили
« Одговори #2 на: 25 Јули 2012, 15:16:26 pm »
а огромните трошоци на еден авто салон? еден мочан дуќан ов 15 квадрати има месечен трошок од 300 до 500 евра, а не авто салон од нај малку 400 квадрати...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Фабричка цена новите автомобили
« Одговори #3 на: 25 Јули 2012, 15:17:00 pm »
baska, uvoznicite zemaat STOENI vozila, koi se napola cena!

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Фабричка цена новите автомобили
« Одговори #4 на: 25 Јули 2012, 15:21:01 pm »
напола цена и напола заработувачка. Со тоа што и сопствениците на автосалоните се полакоми покрај поголемите трошоци од тие на дуќанџиите со 15 квадрати. :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29674
    • CARclub.mk
Одг: Фабричка цена на новите автомобили?
« Одговори #5 на: 25 Јули 2012, 18:40:34 pm »
Ве читам и ви се чудам - добро бе луѓе, Онак нешто упорно ви објаснува, а вие упорно го терате Македонското „они заработуваат по миљон евра на секоја продадена кола“.

Значи, со сигурност знам дека фабричката цена на колите кои некои од импортерите ги продаваат е грубо 50% пониска од онаа која е во салон.

Арно ама, фабричката цена одма расте, затоа што во цената не пресметан и транспортот до финалната држава, ниту пак осигурување при транспорт. Понатаму, да претпоставиме дека на еден импортер му се потребни најмалку 20 вработени (а во реалност, значително повеќе) за да може да функционира. Тука ги сметам сите - од оние задолжени за продажба, па до сервисерите, сметководителите, маркетинг персоналот, хигиеничарите, итн итн. За сите тие луѓе треба месечно да се обезбеди плата (колкава и да е), да се платат сметките за објектот, а во многу од случаите да се покријат трошоцие за изградба на самиот објект. Да не праиме муабет дека треба да се опреми сервисот со потребните алати, дигалки, дијагностички апарати, да се испратат луѓето на обуки, да се плати рекламирање за возилото, итн итн.

Мислите дека тоа е ефтино, или дека некако магично доаѓа во Македонија? Не си играјте бајрам со паметот, доста више со безвезниве муабети, кој колкава маржа имал... Маржа имаат сите многу, ама никој не помислува на трошоците кои ги има секој сериозен импортер.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Фабричка цена на новите автомобили?
« Одговори #6 на: 25 Јули 2012, 18:46:32 pm »
Муабетите не се безвезни, чисто покренав тема за која малку луѓе знаат. Ако прашате еден импортер за попуст ќе ве гледа како да сте го отепале а од друга страна заработува ЕНОРМНО многу од секоја продадена кола.

Да, си има трошоци, ама не ме заебавај погледни само колкави профити прават во годината.

Ако може да се добие 10/20 па и во одредени случаеви 30% попуст во други земји, зошто во Македонија освен на акција поинаку неможеш да купиш кола со попуст?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29674
    • CARclub.mk
Одг: Фабричка цена на новите автомобили?
« Одговори #7 на: 25 Јули 2012, 18:48:51 pm »
Кој ти рекол дека не можеш да купиш кола со попуст?

Нашиве импортери имаат (според мене глупава) тактика да објавуваат надувани цени, за во салон „да ти дадат специјален попуст, само за тебе“. Меѓутоа како и да е, скоро кај сите импортери се добива 1500 евра попуст за „добар ден“, а за посериозен муабет, и значително повеќе.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Фабричка цена на новите автомобили?
« Одговори #8 на: 25 Јули 2012, 19:06:04 pm »
Познати се цените на една кола. И најважно колку е ќарот. :) И не е толку голем колку што мислите. Во најголемиот број попусти, ќарот на салонот се движи во рамките на 500-1000 евра. Толку. (За нормалните возила)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Фабричка цена на новите автомобили?
« Одговори #9 на: 25 Јули 2012, 19:16:13 pm »
500 evra mozebi imaat na I30, na ostanatite ne se bez 2000.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Фабричка цена на новите автомобили?
« Одговори #10 на: 25 Јули 2012, 19:19:51 pm »
Кој ти рекол дека не можеш да купиш кола со попуст?

Нашиве импортери имаат (според мене глупава) тактика да објавуваат надувани цени, за во салон „да ти дадат специјален попуст, само за тебе“. Меѓутоа како и да е, скоро кај сите импортери се добива 1500 евра попуст за „добар ден“, а за посериозен муабет, и значително повеќе.

Па не знам баш дали можеш да добиеш туку така 10-15% попуст. Купувале доста луѓе нови коли еве нека кажат колкав попуст добиле и воопшто дали добиле...

Познати се цените на една кола. И најважно колку е ќарот. :) И не е толку голем колку што мислите. Во најголемиот број попусти, ќарот на салонот се движи во рамките на 500-1000 евра. Толку. (За нормалните возила)

500-1000 евра од кола? Не, многу многу повеќе. На возила од 10.000 евра ќарот им е минимум 20% ако ти ја шитнат по стандардна цена. МИНИМУМ.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29674
    • CARclub.mk
Одг: Фабричка цена на новите автомобили?
« Одговори #11 на: 25 Јули 2012, 19:25:51 pm »
Ќе ти кажам дека сериозно си во заблуда ако мислиш дека не се добиваат 10-15%, па и 20% и повеќе попуст, особено за постоечки муштерии. Во секој случај, 10% е најмалку што се добива при сериозен муабет. Дали ќе успееш да добиеш повеќе е комбинација на истрајност, познати во импортерот (јебига, као и за све друго во државава) и талент за преговарање.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Фабричка цена на новите автомобили?
« Одговори #12 на: 25 Јули 2012, 20:09:29 pm »
Најчесто од она јас што имам видено, ценкањето оди во делот на моделот. Пример средна класа опрема ја земаш за воведниот модел.

Да речеме ако е 9000 евра без клима и 3 врати, се ценкаш за клима и 5 врати за истата вредност (која реално е 10 500 евра). Тоа се прави речиси на секој пазар на ново возило. Ова правило особено важи за време на саемски попусти.

За жал кај нас веќе 5-6 години нема саем за автомобили. Јас мојата од Аутомакедонија ја купив со саемски попуст и тоа дебел!

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29674
    • CARclub.mk
Одг: Фабричка цена на новите автомобили?
« Одговори #13 на: 25 Јули 2012, 20:12:40 pm »
Нема саем затоа што комората на импортери има донесено одлука членовите да не учествуваат на саеми.

Живела логика!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Фабричка цена на новите автомобили?
« Одговори #14 на: 25 Јули 2012, 20:49:43 pm »
Најчесто од она јас што имам видено, ценкањето оди во делот на моделот. Пример средна класа опрема ја земаш за воведниот модел.

Да речеме ако е 9000 евра без клима и 3 врати, се ценкаш за клима и 5 врати за истата вредност (која реално е 10 500 евра). Тоа се прави речиси на секој пазар на ново возило. Ова правило особено важи за време на саемски попусти.

За жал кај нас веќе 5-6 години нема саем за автомобили. Јас мојата од Аутомакедонија ја купив со саемски попуст и тоа дебел!

Не се ценкаат сите.