Автор Тема: RaceChip.de  (Прочитано 19977 пати)

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2785
RaceChip.de
« на: 23 Јули 2012, 00:36:20 am »
Дечки има ли некој искуство со вакво нешто?

http://www.racechip.de/index.php

Отсутен BEST

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 270
  • BMW 330D facelift
Одг: RaceChip.de
« Одговори #1 на: 23 Јули 2012, 00:38:31 am »
и јас размислував да порачувам оваков бокс за БМВ, али јас оној поскапиот од 2та понудени (229еур или така нешто) но сега за сега само размислувам, сеуште не сум спремен да го ризикувам моторот на колата (иако велат дека нема ризик, пак тоа е како оверклокување на возилото а со оглед на тоа што се работи за постаро возило не знам колку се исплати ризикот)

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: RaceChip.de
« Одговори #2 на: 23 Јули 2012, 10:36:04 am »
Дечки има ли некој искуство со вакво нешто?

http://www.racechip.de/index.php
Имам, ги демонтирам пред ремапирање... ;D

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1312
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: RaceChip.de
« Одговори #3 на: 23 Јули 2012, 11:52:05 am »
Ги шиткаш/поклањаш тие демонтираните ? :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: RaceChip.de
« Одговори #4 на: 23 Јули 2012, 12:10:43 pm »
^^ Прашање на место!

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1312
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: RaceChip.de
« Одговори #5 на: 23 Јули 2012, 14:55:31 pm »
Со целосна почит кон ремапирањето кое го прави Маршер, racechip не е воопшто лоша алтернатива, барем спрема коментарите од германските форуми. Па нели, ако ги вади ( и тоа баш овие, а не некои кинески зезалици ) секако би сакал да добијам/купам еден сет. Искрено се сомневам дека баш racechip му дошло во раце да вади поради некој незадоволен.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: RaceChip.de
« Одговори #6 на: 23 Јули 2012, 18:45:24 pm »
Што кеш е ова?

Отсутен BEST

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 270
  • BMW 330D facelift
Одг: RaceChip.de
« Одговори #7 на: 23 Јули 2012, 20:21:51 pm »
@Deni: зависи од кола до кола, најчесто се 129ЕУР со 229ЕУР (послаба и појака варијанта) но има и поскапи и поевтини, зависи од возило до возило, можеш да си провериш цени и сам, ги има на сајтот...

еве ти директ линк кај што треба да си избереш возила, има и цени...
http://www.racechip.de/chiptuning/index.html

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: RaceChip.de
« Одговори #8 на: 23 Јули 2012, 20:29:41 pm »
Ги шиткаш/поклањаш тие демонтираните ? :)

Не ми требаат им ги враќам на сопствениците.
Со целосна почит кон ремапирањето кое го прави Маршер, racechip не е воопшто лоша алтернатива, барем спрема коментарите од германските форуми. Па нели, ако ги вади ( и тоа баш овие, а не некои кинески зезалици ) секако би сакал да добијам/купам еден сет. Искрено се сомневам дека баш racechip му дошло во раце да вади поради некој незадоволен.

Може да се сомневаш колку сакаш, јас знам која разлика ја чувствуваат сопствениците.Немам намера никого да убедувам во нешто.Го знам принципот на кој работат и доволно ми е тоа.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1312
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: RaceChip.de
« Одговори #9 на: 23 Јули 2012, 21:10:42 pm »
Ајде Маршер, поучи не ондак, зошто racechip не чини. Додо многу ок го постави прашањето, па добар е моментот како познавач точно да ни образложиш.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: RaceChip.de
« Одговори #10 на: 23 Јули 2012, 21:20:59 pm »
Еднаш го третиравме ова на форумов, да не се повторуваме, може да се побара.
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,3707.0.html
Додо го постави прашањето за искуство и јас го кажав моето .
Не е лошо да ги чуеме останатите искуства.
« Последно менување: 24 Јули 2012, 00:16:31 am marsher »

Отсутен BEST

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 270
  • BMW 330D facelift
Одг: RaceChip.de
« Одговори #11 на: 24 Јули 2012, 00:51:30 am »
а колку би коштало да се чипува еве на пример моево возило BMW 330D со 204 hp, и што би се добило со чипување софтверски овде кај marsher на пример или не знам кој е најдобар.
неможам баш да ги сватам овие работи, а не знам ни дали е штетно за моторот или возилото воопшто да се чипува или не е ? освен што ке биде појако возилото, кога не „го бркам“ би сакал да троши помалце одошто без чипот...

значи да бидам јасен, ја сакам најбезболната варијанта за моторот а сепак да добие некој hp и torque повеке :)

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: RaceChip.de
« Одговори #12 на: 24 Јули 2012, 00:54:44 am »
Еве што ќе се добие + 38 KS + 76 Nm  :o :o. И би требало и потрошувачката да ти се намали. :)

http://www.smchiptuning.com/1012/bmw-serija-3-e46-330d-3.0-204

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17506
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: RaceChip.de
« Одговори #13 на: 24 Јули 2012, 01:19:30 am »
Чипувањето е всушност подобрување на ефикасноста на моторот.
Преку софтверот на ECU се менуваат тајминзите на бризгалките, тајмингот (можеби и притисокот) на турбината и уште многу други параметри кои се директно командувани од ECU-то.

@BEST, по пуштањето на конкретниот мотор на пазарот, обично се чекаат 2-3 години за да излезе друга - подобра мапа за истиот. Тоа е затоа што во тој период SMchiptuning (или било која друга компанија) истражува и тестира за корисникот да го добие најбезбедното и најефикасното решение.

Другото го оставам на marsher, со што ова погоре што го пишав може да е точно, а може да е и сра*е на квадрат.

Отсутен BEST

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 270
  • BMW 330D facelift
Одг: RaceChip.de
« Одговори #14 на: 24 Јули 2012, 01:50:10 am »
благодарам Алфиста :))
јас како и да е сеуште не сум одлучен дали сакам да ја појачувам воопшто, бидејки 204 hp во старт ми се многу (возам околу 7 год до сега, со тоа што најјаката што сум ја возел беше со 144 конја, а пред оваа 204кава, возев 133 конја караван кој сеуште си го чува татко ми :) )
секако прво малце ке и се порадувам овака како што е, али убаво е додека не се решам за чипување да истражам која е најдобрата варијанта за мене и моето возило воедно...