Најлошото кај конзолите е што не можеш да играш FPS со глушец и тастатура.
За ФИФА, Мортал Комбат и слични глупости, џоистикот е подобар, можеш да си се наведнеш на фотеља и да играш во друштво.
Играње на пуцачина со џоистик ми е како возење на симулација со тастатура. Може да се изведе, ама не е тоа тоа.
Што ме потсети да проверам нешто. Пред година дена излегла 3тата верзија на Power&Glory модот за GTR2 и GT Legends. Стара, ама прекрасна симулација за ГТ натпревари од шеесетите и седумдесетите. Алфа, Форд, Шевролет, Порше, Ферари, Лотус, Јагуар. Има за секој по нешто. Графиката е антика, ама не е тоа поентата на
играва симулацијава.