Најлошото кај конзолите е што не можеш да играш FPS со глушец и тастатура.
За ФИФА, Мортал Комбат и слични глупости, џоистикот е подобар, можеш да си се наведнеш на фотеља и да играш во друштво.
Играње на пуцачина со џоистик ми е како возење на симулација со тастатура. Може да се изведе, ама не е тоа тоа.
На PS3 ко што знам можеш да закачиш маус и тастатура и да играш некои игри кои имаат подршка. Додека за xbox-от има да се купи маус ама многу е лош.
Секако тука се и некои конвертери за двете конзоли од пеесетина долари што ти овозможуваат да користиш маус/тастатура.
Исто така многу е тапа на xbox-от што подржува само официјални воланчиња кои коштаат премногу а не се нешто посебно, додека пак кај сонито можеш да брцнеш што сакаш.