Овој викенд си ги сменив стабилизаторите, или спони на баланс штангла, или упорни спони.
Работа 20 минути по страна сосе кревање и вадење и ставање тркало и пиење кафе и кока кола.
Симптоми за пормена: на прав нерамен патб (калдрма), тупо тропкање од подзвозјето, често (на стилото) се јавува и „торк стиринг“, односно кога забрзуваш, колата сака да влече на една страна, и сака да „управува“ на вдлабнатите трагови на асфалт од камиони и автобуси.
Постапката е следна:
1. Олабави штрафови на тркалото, со малку подигната кола на дигалка. Тркалото се`уште да допира на земја.
2. Подигни ја колата додека тркалото не се одвои од земја и извади го тркалото:


Потпри ја колата на трупче, и спушти ја дизалицата. Дизалицата употреби ја, да ја подигнеш (долната) вилушка, така да скоро целиот товар биде на неа. Само во тој случај баланс штанглата нема да биде напрегната и нема да притиска на споните. Слика за жал не штракнав, ама веројатно имате претстава за што станува збор.
Потоа отштрафи ја споната од горниот и долниот штраф. За ова е потребно 2 клуча 17-ка Згодно е крцкалка да се има, а еден рачваст за контра држење е обавезен.


Не е потребно присила, многу лесно излегуваат, можеби малку со рака лево-десно. Ако не искача одма, малку поиграј со висината на дизалицата, да се порамни баланс штанглата.

Потоа иде новата спона, и враќаш по обратен редослед:

Тест вожња („среќа“ ископана ми е улицата, па одма се осеќа), алат назад во гаража и задоволен си го допиваш кафето и кокаколата

Цена на материјал:
- две спони Birth: 1960 денари
- кока кола: 70-80денари? (не знам точно колку е 2л)
- работна рака: 0 денари!
Алфата веќе нема никакво тропкање од подвозјето! 