-Ме нервира кога татко ми ќе ми го помести седиштето,ќе ги измести сетинзите на радиото а од поминати 1000км на колата тој вози 10км.
-Страшно ме нервира кога некој нешто ќе ми чепни во соба,ќе ми помести,и 10 дена да не сум дома,кога ќе влезам одма приметувам дека некој влегол и што чепнал.
-Кога го косам тревникот нема шанси да остани некоја тревка која не е искосена,мора да биди како теписон.
-Во соба во која спијам не смее да има никаков часовник кој произведува некој звук,ако има го ставам во шкаф,го трупам со алишта да не се слуша.
-Страшно многу ги мразам цигарите и нивниот чад,сум спиел со отворени прозори на -20 надвор,бидејќи цимерите во другата соба пушеа (знаеме какви се зимите во Битола)
-Мразам ако некој ми легни во кревет (освен девојка ми и чат пат некоја странкиња,но имало случаеви отпосле обработување на некоја да се туширам макар и со ладна вода во 4 наутро во зима и да менувам постелнина).
-Страшно мнгу ме нервира кога ќе видам како некој прави нешто на потешкиот начин.
-Мразам личности кои кога ќе дојдат во викендицата на Тиквешко не прават ништо,чекаат се наготово,демек се во ресторан и се мора да му биде сервирано на маса,а потоа и кренато од маса,кои не знаат да си го наместат креветот,да си ги средат алиштата.
-Мразам сезнајковци,кои знаат се и сешто и поминале низ се и сешто.
-Не верувам во суеверни работи,магии,зелени очи,црни мачки(имам дома црно маче,ама скрос црно и ми е омилено),шахти,бандери....
-Мразам кога некој по излегување од колата ќе го остави прозорот отворен.
-Мразам кога некој ќе ми ја тресни вратата од колата(еднаш колата ја паркирам на тротоар поткачена со десните гуми,а левите на патот и беше доволно вратата само да се пушти на две педи отворена и самата ќе се затвори ,плавушата ја треска си помисли дека не е затворена пак ја отвори и ја тресна крвнички x 2,срцето ме стегна,но и вратив неколку пати ви кревет).
-Не дозволувам пушење на ЦИГАРИ во кола.
-Мразам кога сме седнати да пиеме и кога некој не мезе од мезето туку јаде.
-Кога излегувам од дома во преден десен е мобилниот,заден десен портмонето,преден лев мастики,клуч од кола......
-Мразам наркомани и не ги сакам во моја близина.
Пред 7 години,поточно на петок 13 од прва положив за кола.