Се' построгите еколошки прописи ги принудуваат производителите повеќе од било кога да инвестираат во нови технологии. Се чини дека Volkswagen групацијата е на чекор до револуционерни промени...

За време на годишната конференција на Audi, раководителот на техничкиот оддел, Улрих Хакенберг, откри дека се во фаза на развој на мотор со електро-механички супер-полначи и променлива компресија.
Хакенберг не навлегуваше во технички детали, но променливите стапки на компресија се предизвик со кој инженерите се обидуваат да се справат веќе подолго време. Теоретски, оваа технологија ќе овозможи значително подобри перформанси кај бензинските модели, со зголемување на долговечноста на моторот.
Audi веќе го презентираше пред јавноста својот експериментален bi-turbo V6 кој освен механички компресор користи и електрична турбина. Оваа технологија наскоро би требало да најде место и во помалите два-цилиндрични и три-цилиндрични мотори.
LosiPatista