Осамнаа првите официјални фотографии од новата генерација на спортистот на Skoda, Octavia vRS, која марката ја открива месец порано од закажаната премиера на Фестивалот на брзината во Гудвуд.

Со беџот vRS ќе бидат украсени и седанот и комбито на Octavia под чија хауба ќе работат 2.0 литарскиот турбо бензинец навиен на 220 КС но далеку поинтересна за купувачите е 2.0 литарската дизел изведба исто така навиена на прилично моќни 184 КС.
И двата мотори ветуваат сериозни перформанси. Со бензинецот Octavia vRS спринтувa од место до 100 km/h за 6,8 секунди со рачен шест степен менувач и стигнува до максимални 248 km/h или 8 km/h повеќе од претходникот.
Дизелот стигнува до максимални 232 km/h, а за ловење на темпо 100 му требаат 8,1 секунди. Оние кои не сакаат да менуваат рачно на располагање им стои менуваќот со две спојки DSG и шест степени на пренос.
Сериски Octavia vRS добива и електронски управуваниот диференцијал XDS кого го користат и други модели на групацијата VW. Со него се подобрува тракцијата во свијоци и се намалува подуправливоста.

Подобрата возна динамика ја гарантира и спортското подвозје со покрути пружини и амротизери кои го спуштаат седанот за 12 mm, a комбито за 13 mm во однос на стандардната изведба.
Octavia vRS може да стои на четири вида бандажи од лeсен метал со дијаметар од 17, 18 и 19 инчи. Тие одлично го надополнуваат лутитот настап со нова агресивна маска и браник и биксенон светла со интегрирани светлечки диоди кои доаѓаат како стандард.
Тука се и црвените сопирачки клешти, хромираните издувни цевки, дифузор и спојлер. Кабината е прслечена во кожа, седиштата се спортски, педалите од алуминиум, а нова се и инструментите.
Круна е задолжителниот беџ vRS поставен на маската и одзади на вратата од багажникот. Од Skoda сеуште не ја наведуваат цената за Octavia vRS, но затоа велат дека до купувачите ќе пристигне во втората половина на месец јули.
LosiPatista