Автор Тема: Автомобилски Новитети  (Прочитано 2559649 пати)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5100 на: 06 Јуни 2013, 12:24:53 pm »
Никогаш не би купил Зонда ако немам бар уште толку на страна баш за Зондата.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5101 на: 06 Јуни 2013, 12:25:49 pm »
Така е, не само Зонда, и една обична 159 ка да се купи мора да се има кеш на страна.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5102 на: 06 Јуни 2013, 17:40:31 pm »
Во понудата ќе влезат и новиот 0,9 литарски Multiair турбо бензинец со два цилиндари и 105 КС (15.490 евра), како и добро познатиот дизел 1,3 Multijet со 85 КС (14.590 евра). Понудени се и четири нивоа на опрема и тоа Pop, Easy, Pop Star и Lounge.

На краткото дружење што го имавме со Fiat 500 L, можеме да потврдиме дека се работи за исклучително простран и функционален автомобил, со автентичниот визуелен идентитет на помалата 500-ка. Одлично изгледа во живо, а особено влегува под кожа разиграната внатрешност, на која не не навикнале другите модели од сегментот.
 

 
Моделот е спој на генијалниот стил на Fiat 500 со функционалниот дизајн на италијанскиот производител. Дизајниран според концептот ‘space efficiency’, новиот модел излегува од конвенционалниот сегмент благодарение на големиот простор, на одликите на мал crossover и нивото на ефикасност карактеристично за компактен градски автомобил. Со овој оригинален рецепт, Fiat 500L ги соединува карактеристиките својствени за повеќе-функционален автомобил, алтернатива на традиционалните возила од сегментот B и C.
 
Со повеќе од 1.000.000 автомобили продадени во 110 држави во светот, денес Fiat 500 созрева за нови искуства и потреби. Ако Fiat 500 е супер компактно возило за млади и за урбана средина, Fiat 500L е прво возило за соедиување на малите задоволства со големите емоции во животот: децата, пријателите, патувањата, музиката...
 
Fiat 500L е целосно нов во начинот на изразување на стилистичката индивидуалност, тој комуницира со надворешниот свет и го оживува сопствениот простор. Буквата ‘L’ претставува синтеза на тридимензионалноста на новата солуција на Fiat: Large: во смисла на функционалност и просторност; Light: со значење на технологија која лесно се применува и почит кон животната средина; Loft: амбиент каде се доживува исполнето време.
 
Large: ефикасен простор 
 
Fiat 500L го изразува стилот на made in Italy, со препознатлив изглед и интерпретација на капацитетот на целата гама на Fiat: за дизајнирање и концепција на иновативни возила според нивната содржина и форма. Содржината се преведува со концептот ‘space efficiency’ - карактеристика на сите иновативни возила на Fiat. Како што моделот 600 Multipla беше претходник на компактниот концепт на моноволумен, Fiat 500L е нова интерпретација на Fiat-овата филозофија за Simply More веќе применета кај концептот ‘Multispace’. Fiat 500L го реформулира емоционалниот клуч на компактни возила за едно модерно семејство, со оригинални стилистички форми својствени за Fiat 500.
 

 
Според најновите истражувања, 4,1 метар е просечна должина на возилата кои се продаваат во Европа: стандардна должина за удобно патување. Должината на Fiat 500L е 4 метри и 15 сантиметри. Но, неговата вистинска конкурентска предност е дека само со 7 цм повеќе од Fiat Punto, Fiat 500L удобно може да смести 5 патници со висина од 2 метри, заедно со нивните патни торби. Доволно е да се напомене дека Fiat 500L може да се гордее со најдобра зафатнина во внатрешноста: впрочем, патниците напред и назад имаат на располагање простор од 3,17 м3.
 
Новиот модел е лидер во својата категорија во делот на сооднос меѓу надворешните димензии - 415 цм должина, 178 цм ширина, 166 цм висина и 261 цм меѓуоскино растојание: багажен простор со капацитет од 400 литри, што значи дека може да се постават до пет 5 куфери за патување. За дополнително зголемување на внатрешниот простор за патниците назад, седиштата се подесуваат надолжно и засебно се преклопуваат. Со помош на функцијата ‘Fold&Tumble’ за преклопување на сите седишта, се добива целосно рамна подлога.
 
Fiat 500L е истовремено и Large благодарение на својата функционалност за што доказ се 500-те можни конфигурации на внатрешниот простор. На пример, со преклопување на совозачкото седиште напред и на само едно седиште назад, сопственикот може да превезува било каков материјал со должина до 2,4 метри. Совозачкото седиште може да се преклопи за да се добие слободен рамен простор кој може да послужи како “ масичка”.
 
Капацитетот на багажниот простор, во споредба со надворешните димензии  е најдобар во категоријата: во багажникот се наоѓа и системот Cargo Magic Space, на три нивоа, за одделување на кршливи предмети од габаритни, чисти од валкани и влажни од суви.
 
Light: алтруистичка технологија
 
L означува исто така и Light, ‘агилност ’ која го подобрува и поедноставува животот, иновација во корист на клиентите. Отсекогаш, Fiat е синоним на иновативни возила кои нудат софистицирани технолошки солуции што се лесно применливи и кои ги задоволуваат конкретните потреби за секојдневна подвижност, целосно посветени на заштита на животната средина и на безбедноста.
 
Уште на самото лансирање, Fiat 500L е понуден со три ефикасни мотори кои се истакнуваат со контролирана емисија и ниво на CO2, што придонесува за економска предност за клиентот: два бензински мотори (0.9 TwinAir со 105 КС и 1,4 l  со 95 КС) и еден турбо дизел  (1.3 Multijet 2 со 85 КС). Особено може да се истакне Turbo TwinAir со 105 КС кој има рекордно ниска емисија во сегментот од само 112 г/км. Новата генерација на многупати наградуваниот два - цилиндарски мотор на Fiat - TwinAir, е на врвот во делот на потрошувачка и емисија, благодарение на неговата работна зафатнина и присуството на турбокомпресор со висока ефикасност.
 
Light претставува и едноставна примена на технологијата во ова ново возило. Пример за тоа е touch screen-от од 5 инчи на мултимедијалниот систем Uconnect на Fiat 500L, еден од најголемите во категоријата, од каде може да се управува со уредите во возилото како на пример радио, мобилен телефон, mediaplayer, i-Pod или smartphone, а наскоро и со интегрирана навигација. Ова е најдобар пример за “human-friendly interface”.
 

 
Новиот систем Uconnect се состои во слушање на радио преку својот smartphone. Повикувањето со hands-free, преслушувањето на примени sms без поместување на рацете од воланот, е возможно благодарение на функцијата voice recognition и командите на воланот. Брзиот развој на технологијата му овозможува на клиентот да го поврзе својот smartphone и да користи бројни апликации со кои ќе биде во постојан контакт со пријателите на Facebook и Twitter или пак да ги следи најновите вести и информации за сообраќајот во реално време.
 
На пет инчниот touch screen  има можност да се визуелизираат информациите за новиот софтвер ecoDrive LIVE, најновата верзија на апликацијата eco-friendly од 2009-та година развиена од Fiat. До денес има повеќе од 80.000 корисници на ecoDrive, систем кој го анализира стилот на возење со цел да се намали потрошувачката и на емисијата на CO2 до 16%. Сега со Fiat 500L, ecoDrive постанува LIVE платформа со која во реално време се добива feedback за сопствениот стил на возење и најдобри совети за подобрување на потрошувачката и на емисијата. Податоците може да се сочуваат на USB и smartphone за понатамошна анализа.
 
Loft: персонализирани димензии
 
Loft е современа, просторна, отворена и осветлена димензија. Новиот Fiat 500L е дизајниран и конструиран во центарот за дизајн, како убаво и функционално возило.
 
Внатрешноста е екстремно осветлена со најголемиот стаклен покрив во категоријата - 1,5 m2 (во две верзии): електричен стаклен кров или Skydome. Дури и гамата на бои на каросерија со 11 нијанси е примат во сегментот. Ако се додадат и 3 бои за кровот, 4 нивоа на опременост (Pop, Pop Star, Easy и Lounge), 3 бои за алуминиумски тркала, се доаѓа до 333 можни комбинации.
 
Оттука сосема е возможна и трансформација на сопствениот автомобил во уникатен и персонализиран предмет. За оваа цел се роди и линија на дополнителна опрема посветена на новиот Fiat 500L осмислена од Центарот за стил на Fiat а произведена од Mopar, марка на групацијата која се грижи за активноста Service & Parts како и за Customer Care. Се нудат повеќе од 140 производи за зголемување на комфорот, уживање во слободното време и подобрување на квалитетот на животот зад управувачот.
 

 
Како што и се очекува од една Hi-Fi куќа, Fiat 500L (за првпат во групацијата Fiat), нуди нов premium audio систем  дизајниран во соработка со Beats Audio. Системот го поседува новиот алгоритам за балансирање за да создаде чист звук со висока дефиниција што основачот на компанијата Beats, дискографскиот продуцент Dr.Dre, претседател на Geffen A&M Records и дискографскиот продуцент Jimmy Lovine, го постигнаа во нивните студија за снимање.
 
Како куриозитет, Fiat 500L е прво сериско возило во светот кое нуди вистинска машина за кафе espresso, со технологијата со капсули ‘A Modo Mio’ интегрирана во возилото.


Source:
LosiPatista

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5103 на: 06 Јуни 2013, 17:49:44 pm »
Бензинецот поскап од дизелот.
Грд дизајн со чудна внатрешност.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5104 на: 06 Јуни 2013, 17:51:17 pm »
Audi Hrvatska

За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5105 на: 06 Јуни 2013, 18:44:42 pm »


http://www.carclub.mk/2013/06/06/pristigna-mercedes-citan-vo-salonot-na-mak-autostar/

Стигна Цитан-чето. Интересно е, многу простор (што и се очекува, пошто е базирано на Кангу) ама го подсредиле.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5106 на: 06 Јуни 2013, 18:54:02 pm »
Баш го рушат имиџот, мерцедес со минимална безбедност на Ncap.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5107 на: 06 Јуни 2013, 18:56:05 pm »
Колку што знам, Цитан е првото доставно возило тестирано по воведувањето на новите правила пред некоја година. Така да, нема објективна споредба. Може и да грешам.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5108 на: 06 Јуни 2013, 19:23:59 pm »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5109 на: 06 Јуни 2013, 19:31:25 pm »
reno dizeli, ford benzinci, reno kombinja.... otide mercedes po gavolite.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6434
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5110 на: 06 Јуни 2013, 20:13:17 pm »
reno dizeli, ford benzinci, reno kombinja.... otide mercedes po gavolite.

Уште се убедувам и тешам дека не е тоа така, ама.. Не оди на арно.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7220
  • French diamond
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5111 на: 06 Јуни 2013, 20:19:02 pm »
Абе рено сегде го има  :) И допрва ќе го има

Отсутен Harris

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1285
    • http://www.facebook.com/RenaultOwnersClubMacedonia
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5112 на: 06 Јуни 2013, 23:24:20 pm »
RENO E PRAVA STVAR !  ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30073
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5113 на: 10 Јуни 2013, 11:55:39 am »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

http://www.carclub.mk/2013/06/06/pristigna-mercedes-citan-vo-salonot-na-mak-autostar/

Стигна Цитан-чето. Интересно е, многу простор (што и се очекува, пошто е базирано на Кангу) ама го подсредиле.

Само што го земав Цитанот, баш овој што е на сликиве. Првите импресии се прилично добри. Моторчето е одлично, завлекува сасвим ок, одлично е усогласено со мењачот. Има старт-стоп, изолацијата е многу не-комбеста, односно добра (сепак се работи за „цивилна“, односно патничка  верзија). Забелешки имам кон едноставноста на централната конзола и недостатокот на подесување на воланот по длабочина.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #5114 на: 10 Јуни 2013, 12:02:20 pm »
Док ти е на тест дај да пренесемe една палета сервери од царина ;D