Наздравје.„Ауди“ го купи „Алфа Ромео“
„Фолксваген“ никако да се засити од италијанските брендови. Ducati, Italdesign-Guigiaro и Lamborghini не му се доволни и затоа друштвото од Волфсбург „се мота“ дури две години околу брендот „Алфа Ромео“ кој е на „издишување“ заради катастрофално слабите продажни резултати.
„Фиат“ до сега глатко ги одбиваше сите можности за продажба на споменатото „слепо
црево“, но по се се чини дека климата се менува.
По купувањето на „Ламборгини“ и „Дукати“ „Ауди“ тргнува повторно во Италија на „шопинг“. На репертоарот сега е „Алфа Ромео“ која брендот од Инголштад сака да ја купи. На сите им е јасно дека позади сето ова стои незадржливиот магнат „Фолксваген“, а за потклекнување на шефот Серџо Маркионе пред оваа понуда од Германија упатуваат неколку факти.
Едниот е катастрофалната состојба на „Фиат“ на европскиот пазар каде неговата продажба е скоро тотално замрена. А ако нешто на „Фиат“ му треба во овие моменти кога целосно планира да го превземе американкиот „Крајслер“ (кој единствено и го одржува), тогаш тоа се пари, кои се помалку ги има во својата благајна.
Вториот факт е тој што и двата бренда негираат било каква активност на ова поле, што кај италијаните секогаш значи токму спротивно. Од друга страна соработката со „Мазда“ за оживување на „Алфа“ преку новиот модел 4C нема шанси да успее заради неговата превисока цена.
Како и да е, посакуваме реномираниот бренд „Алфа Ромео“ да ја поврати старата слава и сјај.