Француското издание L`Automobile повикувајќи се на извори блиски на марката ги открива првите детали за новата генерација на Peugeot 308 којшто е поставен на новата платформата на групацијата PSA.

Платформата со кодна ознака ЕМР2 е модуларна и дозволува на неа да бидат поставени различни модификации како седан, комби, купе, па дури и кросовер. Направена е од композитни материјали и алуминиум.
Ваквата комбинација на материјали дозволува тежината на автомобилот да се намали во однос на претходникот за 100 kg. Така се намалува потрошувачката, а се подобруваат перформансите и возната динамика.
Дизајнот ќе го следи новиот дизајнерски јазик на Peugeot воведен преку помалиот 208. Покрај вообичаените мотори на групацијата под хауба ќе работи и новиот три цилиндричен турбо бензинец од 1.2 литри во две изведби со 110 и 130 КС.
Што се однесува до опремата таа по богатство треба да ја надмине седмата генерација на Golf, а квалитетот на материјалите ќе биде идентичен. Во серија на новата арматура ќе има екран од 7 инчи осетлив на допир.
Рачната сопирачка ќе биде електрична, влегувањето и стартувањето е без клуч, има систем за следење на мртвите агли и активен темпомат кој сам го одржува растојанието од возилото напред и спречува судар.
Новиот Peugeot 308 ќе биде достоен конкурент на новиот Golf и токму затоа премиерата е најавена да се случи на домашен терен на германецот, односно на есен на салонот во Франкфурт.
http://vozi.com.mk/vesti/prvi-detali-za-noviot-peugeot-308.html