Се слагам дека повеќе електроника повеќе работи може да се расипат, нормално...ама дека не го бива зашто има електрика НЕ. Сеа сите коли се пунат пунат пунат со такви глупости Ч)
Електрониката во возилата се вградува за да се намалат дефектите. Порано можело само да се сонува за возила кои поминуваат по 200-300 илјадарки без сериозни дефекти. Денес, тоа е нормално за секое ново возило, и би било чудно кога би било полошо. Оној „чек енџин“ (MIL) е стаен таму да те предупреди дека има некој потенцијален дефект, а не да ти каже дека се расипала колата.
И никогаш не разбрав зашто кога ми прерипа ребраст на едвај 5000 км не светна ниедна сијаличка. И јас го разбирам да те предупреди, па зашто не ме предупреди дека ми прерипал ребраст, односно дека неко меџу нама није наш
Не сака за глупости да алармира
Се шалам, реално не би требало да претставува проблем за ECU-то да открие дали е моторот во фаза, со оглед на тоа дека има сензор и на радилица и на берегаста.
Инаку, реагира за неправилна смеша на гориво, неправилно или недостаток на палење - искрење, недоволен притисок на турбина ако има, и ред други параметри кои може да му наштетат на моторот, а може да се спречат со правилен мониторинг од сензорите.