Автор Тема: Автомобилски Новитети  (Прочитано 2650862 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14814
  • Пудингот на шоферството
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3180 на: 30 Октомври 2012, 18:54:18 pm »
Дека можат и Ферари и Ламбурџини да направат кола со 1000+кс можат,а дали тоа им е цел,приоритет и сл. тоа е друг муабет.И јас се сложувам дека Вејронот моментално е no.1.Е сеа дали тоа така и ке остане ке видиме.

И да додадам дека и Бугати има историја и традиција,не колку Ферари ама има.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55133
  • Махер
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3181 на: 30 Октомври 2012, 19:06:07 pm »
Ферари има да јаде уште многу фурни за да стигне до Вејрон. Најсмешно ми е што уопште ги споредувате. Посебно што не се ни приближно во иста класа. Како да споредуваш Ауди А3 1.8 ТФСИ, и БМВ М6... Сенешто ќе прочиташ. Бугати немало историја? Срамота вака, па на јавен форум пишувате. Ќе ве прочита некој ќе ви се смее.

Овде е најубаво опишано, тоа што очигледно голем дел не го сфатиле.
http://www.streetfire.net/video/sramota.htm

Битни моменти кои треба да си ги запишете од видеово. Не за друго, туку дека се објаснети многу соодветно.

1. 26:51
2. 27:05
3. 28:03 - најбитно, и тоа што повеќето не го сфатиле
4. 28:50
5. 29:04 - многу битно.
6. 31:20 - битно.
7. 31:59 - многу битно.
8. 33:41
9. 34:47 - посебно важно.

Довидување.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34340
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3182 на: 30 Октомври 2012, 19:07:14 pm »
RedBaron, со никого не сакам да се натегам и да стварам тензии. Особено не со некој со кој лично не се познавам. Онака си правиме муабет а ти дигаш џева за некакви агресии. Па ако ваков light муабет за тебе е агресивен тогаш обиди се на femina.mk. Таму се ептен нежни.

Она што сакам да кажам е дека баш никаква логика нема ферари или било кој друг да се трка со Вејрон за да биде супер-кул во очите на јавноста. Секој верувам дека може да земе мотор од 10.000 кубика, да акне 5 турбоа и да биде број еден..... како на пример Henessey. Зошто не ги земеш како репер оние драгстерине што возат на етанол, имаат по 3500 коња и се 4 пати побрзи од Вејрон?

Јас не ти ставам тебе муабет во уста дека го спомнуваш Ферари туку прокоментирав само за дечките од Точка што пишале дека нема поента во појавувањето на Енцо кога веќе не може да го достигне Вејрон во јачина на мотор. Тие не се ни свесни што уствери кажуваат со таа реченица. Тотален нонсенс. А тоа што реков да преформулираш.... па преформулирај ако ти се дискутира на темава, ако не не дискутирај. Никој не те тера со сила. Со тебе немам конфликт, затоа некој ни ти да правиш конфликти непотребно.

Со мене е лесно човек да се разбере ако сака да се разбере.


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3183 на: 30 Октомври 2012, 19:31:16 pm »
RedBaron, со никого не сакам да се натегам и да стварам тензии. Особено не со некој со кој лично не се познавам. Онака си правиме муабет а ти дигаш џева за некакви агресии. Па ако ваков light муабет за тебе е агресивен тогаш обиди се на femina.mk. Таму се ептен нежни.

Она што сакам да кажам е дека баш никаква логика нема ферари или било кој друг да се трка со Вејрон за да биде супер-кул во очите на јавноста. Секој верувам дека може да земе мотор од 10.000 кубика, да акне 5 турбоа и да биде број еден..... како на пример Henessey. Зошто не ги земеш како репер оние драгстерине што возат на етанол, имаат по 3500 коња и се 4 пати побрзи од Вејрон?

Јас не ти ставам тебе муабет во уста дека го спомнуваш Ферари туку прокоментирав само за дечките од Точка што пишале дека нема поента во појавувањето на Енцо кога веќе не може да го достигне Вејрон во јачина на мотор. Тие не се ни свесни што уствери кажуваат со таа реченица. Тотален нонсенс. А тоа што реков да преформулираш.... па преформулирај ако ти се дискутира на темава, ако не не дискутирај. Никој не те тера со сила. Со тебе немам конфликт, затоа некој ни ти да правиш конфликти непотребно.

Со мене е лесно човек да се разбере ако сака да се разбере.

Tамам работа, јас па ич не сакам да се натегам со никој, било да го познавам или не. Онака не си правиме муабет, сметам дека на масовен јавен сервис како форумов, изрази "Јебење", "Карање", не им е место. Немој да ме сфатиш погрешно, пцујам и јас, и тоа како кочијаш.. Само не тука. Ти ја посетуваш femina, па знаеш како се понашаат таму? (Извини, морав :D. Нема лутење?)

Не е воопшто поентата, според мене, "некој да е кул во очите на јавноста". Се работи за инженеринг и многу, многу голема инвестиција. Не, сметам дека неможе секој да земе таков мотор, да закачи газилион турба и да биде број 1. Не. Ти препорачувам National Geographic>Megafactories>Bugatti, увери се дека тоа не е така како што мислиш. Или пак, Veyron trivia на другарот Google. Хенеси не ги коментирам, затоа што не ми се познати. Драгстер автомобил не е автомобил НАМЕНЕТ ЗА СЕРИСКО ПРОИЗВОДСТВО, капираш?

Јас, пак, не ги коментирав луѓето од Точка. Башка, преземен им е текстот од Koli.com.mk. И да е нонсенс, не го коментирав, за да имам фидбек од тебе. Зошто би преформулирал? Мислам дека доволно сум јасен - Зеро, Дени и Мечето ме разбраа, многу добро. Зошто ти неможеш да ме разбереш? Не сакаш? Дискутирам, и тоа мислам на едно пристојно ниво. Јас ич немам никаков конфликт ни со тебе, ни со edonos.

Ви се извинувам и на двајцата, ако ве навредив.


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3184 на: 30 Октомври 2012, 19:55:57 pm »
Новата генерација на Civic Type-R, мора да биде најбрз автомобил во сегментот открија минатиот месец раководните лица на јапонскиот производител и потврдуваат дека ќе пристигне во 2015 година.



Новиот Civic Type-R во целост ќе ја користи технологијата на машините кои се натпреваруваат во Светскиот шампионат за сериски модификувани автомобили – WTCC.

Тоа значи дека секоја компонента од подвозјето, моторот, менувачот ќе биде исполирана како дијамант, што само по себе ветува најбрз круг на Нирбугринг за возила со погон на предна оска.

Така Honda сака од трон да го симне актуелниот рекордер Renault Megane RS. Новиот Type-R ќе го задвижува турбо бензинец од 1.6 литри чија моќност е подигната на 250 КС.

Силината ќе се пренесува преку новоконструираниот роботизиран менувач со две спојки и 8 степени на пренос. Менувачот подоцна ќе се вградува и во останатите модели на Honda.

Вака подготвен Civic Type-R до 100 km/h ќе спринтува за околу 6 секунди, додека максималнатра брзина ќе биде околу 250 km/h.

http://vozi.com.mk/vesti/noviot-type-r-kje-bide-najbrz-kompakt.html
--------------------------------------------------

Nikoj ne go spomnuva GTI. Legendarniot Golf GTI ;D

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7547
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3185 на: 30 Октомври 2012, 19:58:29 pm »
Nikoj ne go spomnuva GTI. Legendarniot Golf GTI ;D

Кој друг да го спомне, ако не ти ? ;D ;D Ти си портпарол на W за Македонија. Тоа со плукањето на W е чиста стратегија, спомнување во секој пост. крај на муабетот, мистеријата е решена/   :D :D :D

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7324
  • French diamond
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3186 на: 30 Октомври 2012, 20:35:06 pm »
Желби, желби на Хонда  :D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3187 на: 30 Октомври 2012, 20:36:06 pm »
Ајде ајде, нека биде ова па има на што да дркаме. ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34340
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3188 на: 30 Октомври 2012, 20:48:12 pm »
Tамам работа, јас па ич не сакам да се натегам со никој, било да го познавам или не. Онака не си правиме муабет, сметам дека на масовен јавен сервис како форумов, изрази "Јебење", "Карање", не им е место. Немој да ме сфатиш погрешно, пцујам и јас, и тоа како кочијаш.. Само не тука. Ти ја посетуваш femina, па знаеш како се понашаат таму? (Извини, морав :D. Нема лутење?)

Па не, не дека јас знам како е на фемина, Члинк ми кажа :D он се врти во тој круг ;D
Пред недела дена имав состанок со извршниот директор на TAB Limited, тоест една од фирмите која стопанисува со аеродромот. Тој на состанок ни вели дека не сака да има работа со личности кои немаат смисла за хумор и се врзани за правилата за формална комуникација како слепци за стапови. Дури и во формални констелации човек треба да е слободен и вицкаст. А ти зе жалиш за употребата на фразата „ма немој да ме јебеш“, башка што беше емитувана и на телевизија. Стварно немој да ме јебеш ;D

Јас, пак, не ги коментирав луѓето од Точка. Башка, преземен им е текстот од Koli.com.mk. И да е нонсенс, не го коментирав, за да имам фидбек од тебе. Зошто би преформулирал? Мислам дека доволно сум јасен - Зеро, Дени и Мечето ме разбраа, многу добро. Зошто ти неможеш да ме разбереш? Не сакаш?

Мислиш дека не разбирам што сакаш да кажеш? Сосем те разбирам и јасно ми е. Само што возилата не се процесори. Кај возилата не важи Муров закон. Само сметам дека напредокот кај возилата не е да достигнат 1001 коњ туку да достигнат подобрувања во применливи рамки. Вејронот ниту е убав, ниту е масовно применлив, ама е демонстрација на способност да се направи нешто навидум недостижно. Да се кренат границите на тоа што е возможно да се направи. Можеби сум глуп, но не сум до толку глуп.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3189 на: 30 Октомври 2012, 22:28:08 pm »
Вејронот ниту е убав, ниту е масовно применлив, ама е демонстрација на способност да се направи нешто навидум недостижно. Да се кренат границите на тоа што е возможно да се направи. Можеби сум глуп, но не сум до толку глуп.

Тоа е тоа. Тоа сакав да го слушнам/прочитам. Тоа ми е и поентата.

п.с. Енцо е грд ко ку*ац! :D

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3190 на: 31 Октомври 2012, 14:14:58 pm »
Денес во МАС го видов и малку го повозив новиот Аутлендер. Воопшто не изгледа така лошо во живо, дури и ми се допаѓа! Внатре има доста измени, од распоерд, изглед, функциналност па до квалитет на вградени материјали!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3191 на: 31 Октомври 2012, 18:21:22 pm »
Иако Шведски Volvo е повеќе асоцијација за безбедно и семејно возило, нивната најнова креација е толку моќна и застрашувачка, што ја смрзнува крвта во вените.

Под хаубата “живее” 3.0-литарски V6 агрегат кој развива масивни 508 КС, заедно со 575 Nm максимален вртежен момент. Како резултат на тоа, забрзувањето од 0-100 km/h трае само3.9 секунди.



Логично – според овие бројки, Германците и нивните Audi RS4 и BMW M3 паѓаат во сенка, што се однесува до забрзувањето. Но, дали може Volvo S60 Polestar да ги следи истите во кривините.

Ние Ви го нудиме одговорот, низ 9-минутно видео. Погледнете, нема да зажалите!

Not a valid youtube URL

http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=3269

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3192 на: 31 Октомври 2012, 18:34:30 pm »
Се заљубив во неа уште кога излезе, сега еве уште повеќе. ;D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14814
  • Пудингот на шоферството
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3193 на: 31 Октомври 2012, 18:35:34 pm »
С60 е класа со М5 и РС6,така споредбата со М3 и РС4 не е на место.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Автомобилски Новитети
« Одговори #3194 на: 31 Октомври 2012, 18:37:05 pm »
Така е..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.