RedBaron, со никого не сакам да се натегам и да стварам тензии. Особено не со некој со кој лично не се познавам. Онака си правиме муабет а ти дигаш џева за некакви агресии. Па ако ваков light муабет за тебе е агресивен тогаш обиди се на femina.mk. Таму се ептен нежни.
Она што сакам да кажам е дека баш никаква логика нема ферари или било кој друг да се трка со Вејрон за да биде супер-кул во очите на јавноста. Секој верувам дека може да земе мотор од 10.000 кубика, да акне 5 турбоа и да биде број еден..... како на пример Henessey. Зошто не ги земеш како репер оние драгстерине што возат на етанол, имаат по 3500 коња и се 4 пати побрзи од Вејрон?
Јас не ти ставам тебе муабет во уста дека го спомнуваш Ферари туку прокоментирав само за дечките од Точка што пишале дека нема поента во појавувањето на Енцо кога веќе не може да го достигне Вејрон во јачина на мотор. Тие не се ни свесни што уствери кажуваат со таа реченица. Тотален нонсенс. А тоа што реков да преформулираш.... па преформулирај ако ти се дискутира на темава, ако не не дискутирај. Никој не те тера со сила. Со тебе немам конфликт, затоа некој ни ти да правиш конфликти непотребно.
Со мене е лесно човек да се разбере ако сака да се разбере.
Tамам работа, јас па ич не сакам да се натегам со никој, било да го познавам или не. Онака не си правиме муабет, сметам дека на масовен јавен сервис како форумов, изрази "Јебење", "Карање", не им е место. Немој да ме сфатиш погрешно, пцујам и јас, и тоа како кочијаш.. Само не тука. Ти ја посетуваш femina, па знаеш како се понашаат таму? (Извини, морав

. Нема лутење?)
Не е воопшто поентата, според мене, "некој да е кул во очите на јавноста". Се работи за инженеринг и многу, многу голема инвестиција. Не, сметам дека неможе секој да земе таков мотор, да закачи газилион турба и да биде број 1. Не. Ти препорачувам National Geographic>Megafactories>Bugatti, увери се дека тоа не е така како што мислиш. Или пак, Veyron trivia на другарот Google. Хенеси не ги коментирам, затоа што не ми се познати. Драгстер автомобил не е автомобил НАМЕНЕТ ЗА СЕРИСКО ПРОИЗВОДСТВО, капираш?
Јас, пак, не ги коментирав луѓето од Точка. Башка, преземен им е текстот од Koli.com.mk. И да е нонсенс, не го коментирав, за да имам фидбек од тебе. Зошто би преформулирал? Мислам дека доволно сум јасен - Зеро, Дени и Мечето ме разбраа, многу добро. Зошто ти неможеш да ме разбереш? Не сакаш? Дискутирам, и тоа мислам на едно пристојно ниво. Јас ич немам никаков конфликт ни со тебе, ни со edonos.
Ви се извинувам и на двајцата, ако ве навредив.