Паралелно со почетокот на претстојниот тркачки викенд во Формула 1 кога се вози Големата Награда на Монако во кежевството Монте Карло Renault ќе ја претстави возобновениот модел на Alpine.

Така на 25-ти мај на светската автомобилска сцена се враќа легендарната марка на Renault, Alpine, чии спортски автомобили сеуште непрежалени почиваат во срцата на искрените октански вљубеници.
Во Монако ќе биде претставен прототип за кого во Renault велат дека е посветен на легендарното купе Alpine Renault A110 Berlinette. Модерната верзија на Alpine е поставена на основата на тркачкиот Renault Megane Trophy.
Дизајнот потсетува на концептот DeZir, додека шасијата е просторна рамка од цевки од легиран челик каде моторот е поставен централно и ги задвижува задните тркала, а кабината има место за возач и совозач седнати во тркачки кади.
Моторот доаѓа од партнерот во алијансата Nissan, има 6 цилиндри во V распоред, зафатнина од 3.5 литри и се вели дека генерира околу 400 КС. Потпирањето и сопирачките се земени на заем од светот на мотоспортот.
Уредувањето ќе биде вкусна комбинација меѓу луксуз и спортска едноставност и ќе ја зголеми употребната вредност на реинкарнацијата на легендарната Alpine Renault A110 која годинава слави јубилеј од половина век.
Нема прецизни информации дали станува збор за модел којшто ќе биде произведен во многу куса серија и ќе биде достапен само како колекционерски примерок со висока вредност, или пак, станува збор за модел којшто ќе се произведува сериски.
http://www.vozi.com.mk/vesti/voskresnuva-renault-alpine.html