Точно така - ако сме прифатиле Корејски возила, ќе прифатиме и Кинески, со време.
Поентата е дека за цена на Спарк (8200 EUR) се добива возило кое е една класа поголемо, со еден тон опрема - до таму што има и кожни седишта. Да, квалитетот сеуште е реално непознат, али 5 години или 150.000 км гаранција се добар почеток. Од Толту најавија два салони само во Скопје, плус уште пет низ Македонија.
Пикапот и џипчето доаѓаат со смешно многу опрема за парите - праиме муабет за сензори за паркирање со камера, двд-плеер со 7-инчен екран итн, и апсолутно можам да разберам зашто би биле привлечни.
Реално, Македонија е пазар каде што вакви возила би можеле одлично да се продаваат, но само ако се постават добро од самиот почеток и докажат дека ги бива, а тоа со нов бренд е многу тешко. Дали би купил вакво возило? Јас не, но сигурно ќе се најдат купувачи - на крају краева, Махиндра продава кај нас, а тие се произведуваат во Индија.