До сега важеше правилото дека американците не ги сакаат мануелните менувачи бидејќи јасно е дека автоматските се многу поудобни за возење и манипулирање, но, навиките се менуваат.
Статистиката вели дека само 5% од продадените автомобили во САД имаат мануелен менувач, но експеритете велат дека техничкиот напредок ќе помогне оваа практика да се смени.
Најмногу заради проблемот наречен „texting”. Станува збор за сообрќајни незгоди предизвикани од невнимание на возачите кои во моментот на незгодата пишувале SMS пораки. Ова посебно е распространето кај младите возачи на возраст од 16 години.
Само минатата година заради „texting” се случиле преку 3.000 незгоди и сега опшетството е насочено да го сузбие овој проблем. Покрај кампањите кои постојано потсетуваат на опасноста од „texting” има и дурги методи.
Експертите сватиле дека доколку младите возат автомобил со мануелен менувач немаат време да пишуваат SMS бидејќи имаат повеќе работа во автомобилот и мора вниманието да го насочат кон возењето.
Затоа родителите сега им купуваат автомобили со мануелен менувач и тие полека стануваат омилени меѓу младите американци, па така, еден Fiat 500 е многу попосакуван со мануелен менувач отколку со автоматик.
До каде ќе оди работата останува на времето да покаже. Сепак, се верува дека повозрасната публика никогаш нема да се откаже од удобството на автоматикот.
http://www.vozi.com.mk/panorama/manuelni-menuvachi-popularni-vo-sad.html-----------------------------------------------------------------------
Lol, americans.