Јапонскиот производител Suzuki и италијанскаиот гигант Fiat потпишаа нов долгорочен договор за испорака на мотори со кого продолжува плодната соработка меѓу двете марки.

Со новиот договор Suzuki ќе зема на заем мотори од Fiat, поточно еден мотор којшто ќе се вградува во неговите автомобили. Станува збор за одличниот мал дизел Multijet од 1.3 литри кој испорачува 75 КС.
Моторот ќе се произведува во Индија во погоните на компанијата Fiat India Automobiles Limited – FIAL која претставува заедничко остварување на Fiat и на индиската Tata Motors.
Моторите ќе се испорачуваат на индиската филијала на Suzuki чие име гласи Maruti Suzuki India Limited – MSIL и која произведува модели на Suzuki наменети за пазарот во Индија.
Планот е годишно да се испорачуваат по 100.000 мотори во период од три години почнувајќи од јануари годинава. Интересно е што оваа продукција на мотори е само дополнување за Suzuki.
Имено Suzuki веќе го произведува 1.3 Multijet со 75 КС во погоните на својата компанија во Индија, Suzuki Powertrain India Limited – SPIL.