Го утињаш моделот за купување коли. Никој не купува кола во кеш. Ни првиот газда, ни вториот газда.
Првиот газда оди и вика „здраво, сакам нова кола за 300 евра месечно“. Си зема нова кола за 300 евра месечно. Ја вози 2-3 години, ја враќа, и си зема нова кола за 300 евра месечно. И така си врти кругот. Цел живот вози нова кола, цел живот колата му е под гаранција, не се замара со трошоци за одржување. Пресреќен!
Завршува лизингот. Колата се враќа кај производителот/лизинг команијата. Или ќе се продаде во кеш, или ќе отиде пак на лизинг. Лизинг циклусот ќе се истера 2-3 пати (и лизинг компанијата/производителот ќе си профитира, ем преку камата, ем преку маржа), додека да биде исплатена колата. После тоа колата ќе биде продадена (пошто-зашто) во кеш, и тука повторно ќе биде направен профит.
Ѕирни ги сајтовите (и салоните, баш сега гледав во Минхен) на производителите во нормалните, развиени земји. Секаде (односно скоро секаде, ајде) цените се примарно дадени во месечни рати, а не во фул цена. Што мислиш, зошто е тоа така?