Што ти значи кога ќе елиминираш piano black од кабина. Одма изгледа барем 17 пати подобро.
Генерално разочарувачки скромен рестајлинг од надвор (мислам дека ништо не е сменето сем фелните, можеле барем радарот да го скријат позади Сеат знакот).
Внатре конечно ја корегираа клучната мана која ме одврати од купување на Ибица, материјалите. Сега има мека табла и волан од напа кожа како кај Полото (на претходната "кожна" опција што ја имаа буквално го насетуваш конецот од воланот како те те гребе а самата "кожа" се чуствуваше пластично). Инфотејментот конечно е на вистинско место каде е полесен за контрола.
Една работа која никако не можам да ја сварам во ентерирот се кичастите црвени рабови на отворите за вентилација со ЛЕД осветлување, и што бараат кругови во кола која целата е со оштри дизајнерски линии? Се гледа дека таблата е инспирирана од Леонот, па можеле и вентилациските отвори да ги остават во сличен формат. Кај другите пакети кои немаат црвени елементи делува за нијанса по хармонично. Очигледно дека некој става кочница да ја средат колата како треба или пак јас стареам

Еве ја и новата Арона која денес доби сличен апдејт, малку по опсежен и надворешно.


