Па да, тоа и ми беше муабетот, постојат секакви опции и додатоци, ама нема потреба да се накити како елка колата. Човеков дури си доплатил за повеќе сијалички и дисплеи, малку му биле тие на HUD и инструмент табла, а мислам дека може и на централниот екран да се гледаат обртаи lol. Далеку од тоа дека не е доволно драматичен RS7 со 750кс и стрејт пајпс, туку трендот на RGB кичерај да се запази.
Истото го мислам и за лепење дополнителни амблеми, крилца и натписи. Зарем малку се 16те фабрички ///М беџови на м4, па мора уште некој да се залепи, па на појасите да се стават M RACING додатоци, па да свети M POWER на земја ко ќе отвориш врата....да не заборавиш дека си во м4 случајно.