Да нема дилеми:
(ценовникот од шкода 2017-та, неможам да ја прикачам во [img])
https://i.imgur.com/CRFHLZm.png
14900 каталошка на второ ниво на опрема. Видиш сме ги заборавиле овие цени. Ова е од времето кога РС беше 23000 евра.
Ете и црно на бело

Единствено може да се појави разлика во цени на лице место поради додадени џиџи миџи врз основното ниво на опрема, како што ми направија со Спејсбекот, или променет ценовник од 2016та, што не ми се верува, но не е за отфрлање.
Имено, муабетот во мојот случај тргна од барањето тест вожња Спејсбек со 1.2 тси, немаа и ми понудија тест возење со Октавија 1.2 тси. За Октавија не бев заинтересиран бидејки ми беше голема за мои потреби, воедно не го ни разгледував ценовникот за Октавијата.
Истакнав дека ем ми е голема, ем сум скептичен за моторот за таа каросерија, оттука ми понудија Октавија 1.6 дизел...за на крај да завршам со тест вожња со Спејсбек 1.6 дизел.
За цело време си куцкаа на компјутер за да ми извадат крајни цени за сите погоре спомнати варијанти со додадени џиџимиџи, надвор од етаблираните во ценовник нивоа на опреми.
Во моментот кога ги прашав зошто ми ги "пикаат" џиџимиџите, ми кажаа дека такви им пристигнувале, и дека секоја пратка им се разликувала.