Парите се пари Зеро.
На новчаникот му е сеедно дали ќе ги дадеш на 300 КС Мустанг од 2017 та или 130 КС Пежо од 2020та .
Точно, ама на човекот не му е.
Толку е тешко да се прифати дека некој не сака Мустанг, туку сака мало градско количе? Па макар нека е и наџиџанко, со 130 коња и аутоматик, и скапо? Дека на некој повеќе ќе му брка работа и ќе му прави мерак такво количе?
Можеби помалото количе (па макар и за иста цена) има повеќе логика поради полесно наоѓање паркинг место, движење низ град, потрошувачка, поевтино одржување, поевтино оданочување, поевтино осигурување, итн?
Различните коли имаат различна намена, иако можеби имаат слични цени.