Од форумов заклучив дека најважна работа на еден карклубер кога купува кола е какви се на допир материјалите, затоа што кога се вози колата цело време прстите се на пластиките.
Тоа е тренд кој започна околу 2004та година кога постоеше нештото наречено лоша пластика. По 2010та веќе ретко се наоѓа возило со лоша пластика, а во 2019та воопшто и да нема такви или се екстремно ретки тие возила.
Од тогаш е трендот и си метастазира на глобално ниво. Кај денешните возила во над 95% случаи пластиката е доволно добра за да нема простор за коментар. Но пак се инсистира на таквите нелогични коментари и референци. Метастазата е до тој степен стигната да ако се нема како да се исхејта колата се оди на тие "проверени" коментари за "лошата или тврдата пластика" за брендовите кои не платиле #рекет. Евидентно е во видеата на carwow последниве година-две откога јако заигра парата, на пример.
Како и да е, да се разбереме CLA има многу за хејтање, ехееее колку има. Ама користење на такви излишни теории за лоши пластики е само заостанатост на коментаторот во времето на Пежо 307, Опел Агила, Мицубиши Спејс Стар, карбон фолијата на тесла, пиано црните уметци, алкантара на волан, и слични општо прифатени катастрофи.