Можеме да јадеме вафли колку сакаме, ама ВАГ/Шкода многу добро знаат каде тераат.
Шкода Скала е всушност сé она што Голф и Октавија нема да бидат кога ќе излезат новите модели во 2020.
Заради пософистицираните технолошки решенија, Голф и Октавија ќе бидат одприлика за 15% поскапи од претходните модели.
Скала се појавува како џокер во целата игра затоа што ќе ги обедини оние купувачи кои што сакаат "ефтин Фолксваген" со сите погодности.
Скала е далеку подобро возило од Шкода Рапид, но не многу подобро возило од сегашната Октавија и Голф 7 (ок, Голфот неможеме да го ставиме во споредбата, ама го земав како некој репер затоа што ми е горе долу слична кола со Октавијата). Рапид е исфрлен од понудата на Шкода, што и беше очекувано, бидејќи Фабија беше горе долу идентично возило како Рапид.
Далеку од тоа дека Скала е лоша кола, напротив, одлична е. Имав прилика да возам 1.0 ТСИ со ДСГ менувач и неможам да дадам никакви забелешки. Ентериерот е на нивото на Октавија која се продава во моментов, со мааалку ефтинки материјали во гепекот. Гепекот е фрапантно голем, простор за патниците има премногу. Кабината е тивка на нивото на Шкода Октавија.
Мое лично мислење е дека Скала е новиот бестселер на Шкода.
Колку што успеав да дознаам почетната цена кај нас со 1.0 ТСИ (95кс) мотор и ќе му биде 14560 евра со мануелен 5 брзински менувач.
Истиот мотор со 115кс и ДСГ 7 ќе лини 16470 евра.
1.6 ТДИ со 115кс со мануелен 6 брзински менувач ќе изнесува 18.270, а со ДСГ 19540.
Овие цени се у Ambition изведба.
Секако дека за некој месец ќе улетаат понуди со лизинг и попсути и овие цени ќе идат за околу иљадарче долу.
Дизајнот на возилото не го коментирам, прашање на вкус е тоа. Мене не ми е нај допадливо баш, ама можам да го преќутам дизајнот на сметка на другите придобивки.
Едит:
Еве го ценовникот. Ми го прати еден влијателен инстаграмџија, инфлуенсер, кој што е член на форумов. Поздрав до него ќе се препознае кој е