Симо, и прошлиот Цивик беше според зборовите на автоновинарите неподносливо тврд. Мултилинкот пружа значително поудобно возење на лоши патишта, но тоа време се водеше муабет како VW штеделе на колите па затоа не ставале мултилинк кој бил неопходен во оваа класа. Ипак, за Golf/Leon до 150кс или 20к евра е далеку пооправдано одколку за Цивик од 40к евра.
Уште една работа. Како мислат Хонда да му конкурираат на Фокусот кој за истата цена нуди и погон на сите тркала, и мултилинк и повеќе сила?