Малку ми е жал што Форд незнаат да направат убаво Фјужн возилце. Претходниот беше ружен, а и овој не е многу поарен. Ќе видиме во живо се надевам.
Требало да ја подигнат фиестата и да стават пластични бампери, а не вакво комбе. Многу фали вакво возилце за низ град, секако со најмалите возможни бандажи, и најголемите возможни гуми што ги собира.
Во моментов Дачија Сандеро Степвеј нуди нешто такво, и тоа со многу убав изглед. Само што е Дачија...
Истиот рецепт за микро бандажи и мега гуми треба да се примени - секако.
Степвејче Дизел со Престиж пакет и металик, еко кожа седишта за 13.000 еур. Со попуст на тоа, таман.