Не ти е баш валидна споредбата, моторот (односно тврдите делови) на Lamborghini-то се позади.
Хаубата е проектирана да биде „мека“, т.е. да апсорбира удар. Самата големина на хаубата го прави тоа. Меѓутоа, ако растојанието меѓу хаубата и моторот е кратко, тогаш хаубата ќе се витка само додека да стигне до моторот, и тогаш главата на човекот ќе тресне во моторот. Дел што по дефиниција е тврд и има многу остри агли.
Колкава е висината на хаубата од земја е само еден фактор.
Рецимо, луѓе редовно страдаат повеќе при удар со SUV пошто скоро одма треснува главата во нешто тврдо.