ПРИСТИГНА НОВАТА TOYOTA AURIS
Втората генерација на Toyota Auris е новиот чекор во производната офанзива на Toyota во С-сегментот на европскиот автомобилски пазар. Новиот Auris е динамичен, подобро опремен и поекономичен од било кога.
Од пред само неколку дни во понудата на македонскиот импортер за програмата на лидерот на пазарот по продажбата, Тојота Автоцентар, е новата генерација на моделот Auris. Toyota е светски лидер во С-сегментот на автомобилскиот пазар, со над 39 милиони продадени автомобили во над 140 земји од првата генерација на Corolla, а Auris со првата и сега со втората генерација само го надополнува овој успех. Дизајнирано особено за Европа, новиот Auris ќе се составува во фабриката на Toyota Motor Manufacturing во Велика Британија, заедно со Avensis.

Auris ја изразува решителноста на Toyota да создава привлечни и атрактивни модели надградени врз својата репутација за квалитет, издржливост и сигурност. Новиот агресивен дизајн е надополнет со висок квалитет на ентериерот, подобрена динамика и повеќе напредна технологија. Должината на новиот Auris, порасна за 30 mm - до 4.275 mm, додека меѓуоскиното растојание е задржанo на 2.600 mm. Без да се намалува просторот за патниците, вкупната висина е намалена на 55 mm, што го прави новиот Auris еден од најниските автомобили во сегментот. Сите овие промени придонесоа за значително подобрување на аеродинамиката и управувањето, како и за помала потрошувачка на гориво. Употребата на висококвалитетен челик при конструирањето на каросеријата помогна за намалување на тежината на новиот Auris за 40 кг, што во комбинација со намалена висина води до пониско тежиште. Новото лице на Toyota се карактеризира со нова предна маска и поагресивната форма на предните светла кои вклучуваат LED дневни светла. Кај силуетата остава впечаток поостриот агол на ветробранското стакло и новата пониска линија на покривот, кои придонесуваат значително за намалување на челниот отпор. Задниот дел на возилото се одликува со поширок отвор на багажникот, вграден спојлер и нови стоп светла кои го засиливаат динамичното чувство. Аuris се нуди со избор од 10 екстериер бои.

Нудејќи повеќе простор и комфор за патниците, новиот дизајн на ентериерот нагласува чувството на висок квалитет и уредност. Дизајнот е ориентиран кон возачот, а таблата со инструменти е почиста со јасно читливи бројки. Сите копчиња на централната конзола користат ист фонт и се осветлени во сино, што дава чувство на луксуз, и визуелна хармонија. Горниот дел на предната конзола и вратите се изработени од меки на допир материјали. Новиот Toyota Auris бележи подобрувања во цврстината на каросеријата, потпирањето, управувањето и пониски нивоата на бучава и вибрации.
Новиот Auris прави значаен чекор напред и во намалувањето на CO2 емисиите. Во споредба со претходната генерација на моделот, новиот Auris постигнува намалување за 13% на средните нивоа на CO2 емисии. Клучот за тоа се бројните подобрувања направени кај сите мотори, кои нудат динамични квалитети и економичност на системот Toyota Optimal Drive. Овој систем вклучува широк спектар на механички и софтверски подобрувања кои оптимизираат рамнотежата помеѓу задоволство во возењето и помала потрошувачка на гориво. Toyota Optimal Drive опфаќа од лесни внатрешните компоненти на моторот, во иновативните системи Valvematic и VVT-i (за бензинските верзии), до употреба на повисоки степени на компресија и ефикасна рециркулација на издувните гасови.
Бензинскиот 1.33 литарскиот агрегат е со моќност од 99 КЅ, а максималниот вртежен момент е 128 Nm. Потрошувачката на гориво е 5.5 l/100 km, а СО2 емисијата се 128 g / km. Поголемиот 1.6 литарски бензинец е уште еден чекор напред со технологија Valvematic која го подобрува всмукувањето на воздух и го контролира процесот на согорување. Тој е во спрега со 6 брзински мануелен менувач или MultiDrive S автоматски менувач. Моќноста на моторот е 132 КЅ, а максималниот вртежен момент е 160 Nm. Дизелскиот 1.4 D-4D мотор се нуди со 6 брзински мануелен менувач и автоматски менувач MultiMode. Тој генерира моќност од 90 КЅ и максимален вртежен момент од 205 Nm. Потрошувачката на гориво во комбиниран циклус е 4.2 l/100 km, а СО2 емисијата се 109 g / km.

Стандардната опрема е многу богата и веќе базниот модел има многу системи и помошни модификации кои го чинат управувањето побезбедно и покомотно, а се нуди за цена од 14.990 евра.
http://avtoplus.mk/vesti/makedonija/pristigna-novata-toyota-auris