Откако беше најавена повторната соработка меѓу Renault и Williams веднаш двете компании се потсетија на легендарниот Renault Clio Williams и најавија враќање на моделот со доработка на Clio RS.

Новиот Clio RS Williams ќе биде идолошки налседник на оригиналниот Renault Clio Williams и ќе биде создаден само за да се прослави името на легендата меѓу малите автомобили.
Ова значи дека ќе биде произведен во лимитирана серија, а се споменува бројка од само 500 произведени примероци кои од малиот спортист ќе направат ексклузива од која ќе се бара примерок повеќе.
Како и претходникот и специјалната модификација на Clio RS ќе настане во соработка меѓу спортскиот оддел на Renault, Renault Sport Tchnologies и специјалистите од Williams. Што само по себе ветува бесни перформанси.
Првичните сознанија се дека инженерите ќе се обидат од атмосферскиот 2.0 литарски бензинец да извлечат 240 КС или 37 КС повеќе и да ги ослободат дишните патишта за да може да врти околу 7.500 врт/мин. Ова е многу повеќе од оригиналниот Clio Williams кој од атмосферски 2.0 литарец извлекуваше само 150 КС.

Шасијата ќе биде модификувана верзија на постоечката Cup шасија со нов сетап на амортизерите кои ги испрачува Sachs. Сопирачките ќе имаат уште поголема моќ при сопирање, а гумите ќе бидат Bridgestone кои се докажаа во соборување на рекордот на Нирбургринг во Megane RS Trophy.
Однадвор Clio RS Williams ќе се преопзнава по специјално одбраните бои и соодветни налепници, а внатре ќе бидат поставен спортски кади на Recaro со натпис Williams и нумерирана плочка исто така со потпис на Williams како доказ за автентичност.
Се очекува Clio RS Williams да пристигне на пазарот следната година со стартот на сезоната во Формула 1. Цената би се движела околу 30.000 евра.
Преземено од
www.vozi.com.mk