Новата Скала од Шкода навестува неколку работи:
1. Новиот Голф 8 ќе биде значително поскап. Најверојатно заради новите технологии кои ќе ги нуди во сериска опрема, но и заради покомплицираните системи за исполнување на еко стандарди.
Од тоа што го знам, Голф 8 ќе донесе хибриден модел кој ќе биде достапен насекаде. По многу пристапна цена, споредено со конкурентите. Очекувам дека во фејслифт верзијата на Голф 8 да се појави фул електрик верзија, и водородна верзија.
Можеби и целосно исфрлање на дизел мотори.
2. Шкода Скала е всушност сето она што сме научени да го добиваме од Голф во основните модели, а со новат верзија тоа ќе го нема.
ВАГ со Скала сака да парира на пазарот и дополнително да го зачува колачот кој што моментално го држи со Голф и лабилните потенцијални клиенти кои преферираат хечбек, отколку "Октавија" возила.
Конкуренцијата со Фокус, Меган, 308, Астра, Ц4 е доста солидна. ВАГ се обидува да го издигне Голф како поскапа ни и подобра верзија од конкуренцијата, но овојпат одлучи да им пушти соодветен конкурент, а Голф да го трасира во поинаква насока.
3. Шкода во моментов носи многу пари во ВАГ, и има огромна доверливост на пазарот. Многу задоволни купувачи и претежно позитивни критики.
Тој хајп го користат за да упикаат "ефтин Голф" на пазарот каде што Леон се продава просечно, а купувачите од источните пазари сепак преферираат "Голф дизел макар и на старо".
Сепак во екс комунистичкиот блок, Шкода многу подобро ќе помине како бренд отколку Сеат.
4. Веројатно Рапид или Фабија ќе исчезнат од понудата на Шкода.
5. Исто така очекувам и новата Октавија да отиде малку повисоко во ценовен ранг, а Скала е тука да го амортизира тоа.
Ова е субјективно мислење, но од економска гледна точка мислам дека е сосема рационално.