Во живо ми се виде поубава одколку на сликите. Добри и се пропорциите и задниот дел не ми беше воопшто грд како што мислев дкеа ќе е според сликите. Се разбира не е никаква револуција, и јасно се гледа која кола и е предходник. Внатре е веќе друга приказна. Одлично е направена, неможев да најдам замерка во споредба со конкурентите. Сите матерјали се за едно или повеќе нивоа подобри и се е ново освен рачката на менувачот на моделите со мануелен менувач. Виртуелниот кокпит е со одлична резолуција и според мене е одлична работа, а верувам дека за брзо ќе стане и стандард кај повеќето производители. Седиштата се исто така одлични, додуша јас седев во спортски седишта со перфорирана кожа така да незнам какви ќе бидат стандардните но не верувам дека ќе ги направат лоши. На пример Jaguar XE во ентериерот изгледа како полупроизвод споредено со новата А4 ка. И Јагуарот исто така беше со одлична опрема.