Мареј не изигра на ниво на овој турнир, некој ќе рече дека не знам што зборам, ама реално имаше 2 лесни противника(Долгополов и Степанек), во прво односно второ коло Мајер му го предаде мечот и вчера Федерер сам си се победи, зашто не можеше ебан сервис да убаци. Од друга страна Џоковиќ можеби не е значително појак ама влезе во ритам, врза 2 турнира на слична подлога и влегува во добра форма и ритам пред завршницата на сезоната. Сега следат indoor турнири кои што повеќе му одговараат на Федерер, но со оглед на долгата пауза што ја направи и која го исфрли од ритам, Ноле е повторно фаворит и со големи шанси да го преземе првото место на АТП.