Јас не го сакам ноле заради драмата што ја праи наоколу (кога ќе изгуби поен или кога ќе победи), шо се вика - драма квин е

Инаку секоја чест за тенисот што го прикажува

Моментално е во таква форма што никој не може да му парира. Сега малку подолго ќе остане на врвот на АТП листата, ама се надевам нема да се опушти премногу.
Што се однесува до Федерер, он и да победи и да изгуби е веќе голема легенда, постигнал се` што може еден тенисер да постигне. Тоа е тоа, може комотно и да се пензионира веќе.
А кај рекетите кога сме, моментално го играм тој што го има Ноле на сликата од SaleSK, Wilson K Blade Tour, и е одличен рекет (да се разбереме, конструкцијата е таа, ама за професионалциве се праи опасна кустомизација на рекетите - освен што изгледа исто, нема врска со оној од продавница што ќе го земеш) а во торба го чувам стариот рекет, многу попрецизен а и водено понапорен за рамо и рака, оној од Роџер-овиот прв рекет Wilson Pro Staff Tour:
