Еве после долго следење на огласите, се подновив со нова кола, Volkswagen Bora
-1999 година
-1.9 110 кс
-170.000 реални километри
Задните стакла беа затемнати со фолија, но почнавме да ги вадиме бидејќи веќе беа оштетени, се надевам во иднина повторно ќе бидат затемнети.
Од опрема нема многу, најважно е дека има клима, а за некоја недела ќе земам и радио
Пред да го направиме изборот (јас и татко ми) како опции влегоа BMW 320d, Mercedes E220, Passat, Golf 4, Audi A4 и BMW 520d
Ова го земавме поради тоа што претставува некоја класа помеѓу Passat и Golf 4. Удобно е, стартно е и економично. Деловите не се скапи, лесно се наоѓаат, а кога ќе ја извозам ќе можам и лесно да најдам купувач
Може да се каже дека е почетничко возило, токму како за мене
Во иднина планирам да и земам 16 инчни бандажи, радио и добро озвучување, паркинг сензори, LED светла под фаровите ради фора итн...